• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Нов моќен настап на струмичанката Тина во германскиот „The Voice“ како роденденски подарок

24 октомври 2025, 12:50
  • cподели

Тина Русева продолжува да ги освојува симпатиите на публиката и жирито во музичкото шоу „The Voice of Germany“.

Младата пејачка од Струмица настапи во втората фаза од натпреварувањето и од музичката битка со уште две натпреварувачки излезе како победник, освојувајќи место во тимот на судијата Нико Сантос.

„Некои родендени доаѓаат со торта. Мојот дојде со сцена, светла, микрофон и битка“ – напиша Тина на социјалните мрежи, прославувајќи го својот 21-ви роденден токму на денот на настапот.

Со енергична и самоуверена изведба на легендарната песна „Walk This Way“ од RUN DMC и Aerosmith, Тина ја покажа својата препознатлива моќ и харизма на сцена. Победата ја опиша како најубав роденденски подарок што можела да го посака.

Видео од настапот

View this post on Instagram

A post shared by Mkc Makedonsko Sonce Dizeldorf (@mkc_makedonsko_sonce_dizeldorf)

Тина Русева Тина Русева Тина Русева

Во публиката беа и нејзини блиски, меѓу кои и гордата мајка Верица, која подоцна сподели видео на кое Тина ги дува свеќичките на роденденската торта.

View this post on Instagram

A post shared by Verica Ruseva (@vericaruseva)

Тина, која на аудициите направи вистински спектакл со динамичната изведба на хитот „Do It Like a Dude“ од Џеси Џеј, веќе неколку години живее во Леверкузен, Германија, каде го гради својот музички пат со огромна посветеност и талент.

Најнови

  • Фитнес инспирација: Instagram ѕвезда на 50-тиот роденден со важни совети за жените

    Tue, 03/03/2026 - 11:35
  • Беше фан на ДНК, пееше со нив... Сопругата на Андреј од ДНК со порака која крши срца за девојчето кое почина со мајка си по пад од зграда

    Tue, 03/03/2026 - 10:45
  • „Сѐ што ми треба“: Горан Папаз позира со четирите дечиња и сопругата за фамилијарна фотографија

    Tue, 03/03/2026 - 10:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.