Ноле ѝ пееше на микрофон, лудо танцуваа, носеше фустан од 500 евра... Забавата за 40-тиот роденден на Јелена Ѓоковиќ
Јелена Ѓоковиќ го прослави својот јубилеен 40-ти роденден во Атина.
Шармантната Србинка доби изненадување од Ноле, танцуваше и се забавуваше додека пееше Индира Левак, а изгледаше прекрасно во кратко фустанче од брендот Charo Ruiz Ibiza, кое чини околу 30.000 денари.
Снимките кои се појавија на социјалните мрежи сведочат за забава која долго ќе се памети.
Новак покажа дека покрај тенискиот рекет, одлично му лежи и микрофонот. Тој ѝ пееше на саканата, која радосно го прегрнуваше пред присутните гости.
Новак ѝ приреди незаборавно изненадување на својата сопруга на самата плажа. Сите гости останаа со погледите вперени во небото кога започна спектакуларно шоу со дронови. Десетици осветлени дронови креираа емотивни пораки кои Ѓоковиќ ѝ ги посвети на Јелена.