„Фала ти што си нашиот дом“: Новак Ѓоковиќ ѝ приреди изненадување со дронови на Јелена за 40-тиот роденден
Јелена Ѓоковиќ зачекори во петтата деценија од животот.
На забавата за нејзиниот 40-ти роденден, Новак ѝ организираше слатко изненадување со дронови.
На небото беше испишана пораката: „Среќен роденден. Фала ти што си нашиот дом“, а потоа доновите ги прикажаа Ноле и Јелена со двете деца.
Јелена не ги криеше радоста и емоциите, па бакнеж му се заблагодари на својот сопруг за овој прекрасен и романтичен гест.