Непосредно по разводот, најбогатиот човек на светот Џеф Безос се бакнува со новата девојка на Вимблдон
Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, присуствуваше на финалето на Вимблдон заедно со својата девојка Лорен Санчез.
55-годишниот основач на Amazon и 49-годишната ТВ водителка го следеа мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во усогласени стајлинзи. Џеф беше фотографиран како ја бакнува Лорен.
Ова е прво нивно заедничко појавување на јавен настан. Џеф и Лорен ја започнаа врската уште додека и двајцата беа во брак. Веста за нивната афера одекна во медиумите само неколку дена откако тој и неговата поранешна сопруга Мекензи објавија дека се разделуваат. Тие беа во брак 25 години и имаат 4 деца.
Разводот беше финализиран пред неколку дена, а со него Мекензи доби 38,3 милијарди долари. Таа објави дека планира да донира половина од богатството.
И Санчез стави крај на 13-годишниот брак со Патрик Вајтсел со кого има две деца.
