• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, се разведува по 25 години брак

9 јануари 2019, 17:05
  • cподели

Џеф и Мекензи Безос објавија дека се разведуваат по 25-годишен брачен живот. Парот, кој има четири деца, ја објави веста за разделбата на Twitter.

Безос

„Одлучивме да се разведеме и да ги продолжиме нашите заеднички животи како пријатели. Се чувствуваме неверојатно среќни што се најдовме еден со друг и имаме длабока благодарност за секоја од годините кои ги поминавме во брак. Ако знаевме дека ќе се разделиме по 25 години, повторно би направиле сè исто“ – стои во соопштението.

pic.twitter.com/Gb10BDb0x0

— Jeff Bezos (@JeffBezos) January 9, 2019

54-годишниот бизнисмен и филантроп, кој стои на чело на Amazon, „тежи“ 137 милијарди долари и моментално е најбогат човек на светот. Сепак, ако со разводот тој и 48-годишната писателка го поделат богатството, ќе има промени во рангирањето. Така, доколку Мекензи добие половина од богатството, таа ќе стане најбогатата жена на светот, а Џеф ќе падне зад Бил Гејтс кој повторно ќе застане на врвот на листата на најбогати.

Безос

Џеф и Мекензи се венчаа во 1993 година, а веќе следната година, тој ги постави темелите на Amazon.

БезосЏеф и Мекензи во 2005 година
Tags
Џеф Безос
Мекензи Безос. Amazon

Најнови

  • Венко Андоновски со остра порака: „Срамно време, парите се умножуваат, љубовта исчезнува“

    Tue, 09/08/2026 - 23:25
  • „Никој не те гледа, живеј по сопствено сценарио“: Моќно видео за очекувањата наметнати на жените

    Tue, 09/08/2026 - 23:22
  • Пред и потоа: „Најтетовираната жена во Австралија“ покажа како изгледаше пред тетоважите

    Tue, 09/08/2026 - 23:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.