• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

10 јули 2026, 14:30
  • cподели

Јулија Мациевска никогаш нема да престане да тагува и да зборува за смртта на нејзината ќерка Андријана.

Во интервју со Давид Давидовски, македонската пејачка се отвори за трагичните моменти кога ја изгуби Ан поради рак. Со јавноста, таа сподели дека немала пари да ги покрие трошоците за погребот на ќерка ѝ и откри кои луѓе цврсто стоеле зад неа кога ѝ било најтешко.

Јас немав пари со што да си го погребам моето дете. Јас немам пари ни за леб, ни за бензин, за ништо. А детето мора да се погреба – рече таа.

Со растреперен глас, Јулија сподели дека најголемата помош во тие тешки моменти ја добила од професорот и класата на нејзината внука Стефанија, која е актерка.

Ми помогна професорот на Стефанија, класата на Стефанија ми помогна. Тие се Турци, тие се муслимани, но тие се моето второ семејство. Затоа што тие дење-ноќе дежураа со нас горе, на онкологија, додека Ан се бореше во последната недела со животот. Никој од моите пријатели, никој од моите роднини, никој не дојде. Само тие дежураа дење-ноќе со нас - рече Мациевска.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DAVID DAVIDOVSKI (@davidovski_icon)

Јулија сподели дека во последните мигови од животот на Андријана, нејзината ќерка Стефанија морала да полага завршен испит и да игра улога во претставата „Галебот“.

Стефанија требаше да полага, тоа ѝ беше завршниот испит, имаше главна улога. А Ан треба да замине. Стефанија сака да игра. Сака да игра. Вели: „Ќе играм. Тоа јас ѝ го должам на мајка ми“. Јас ѝ реков: „Таа, знаејќи дека ти ова ќе го направиш, таа утре ќе биде добро“.

И знаеш ли што се случи, дете мое? Отиде Стеф на претстава. Рече: „Мами, јас одам. Ама утре сабајале да ме чекаш. Јас ќе дојдам да ти кажам како поминав“.

Вечерта ми се јави и ме праша: „Како е Мами?“, јас ѝ реков: „Добра е“. А ние се бориме цела ноќ. Вика докторката кај и да е сабајалево, очекувај дека таа веќе ќе замине. Јас цела ноќ не заспав. Се молев, ѝ зборував... Андријана последниот здив го испушти Стефанија кога влезе, пред да влезе... Ѝ реков: „Сине, Мами не сакаше да го видиш ти тоа, таа замина“ - раскажа Јулија.

Во неодамнешен емотивен разговор за Фемина, Јулија се присети како со денови не спиела и не јадела, 24 часа дневно посветена само на Ан:

„Тоа е нешто што со зборови не се опишува. Го молев Бога, јас да заминам, Ан да остане, не го жалев сопствениот живот. Мајката не се жали себе си, кога е детето во прашање, јас сум таква. Зборувам за себе, а верувам дека повеќето мајки се такви. Зашто сепак, ние живееме за нашите деца. Да ги видиме среќни, здрави, остварени. Радоста на детето е радост за родителот“ – вели таа, нагласувајќи дека ниеден родител не може да биде подготвен за таква битка.

Tags
Јулија Мациевска

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.