10 години врска+8 години брак=18 години полнолетство: Јоце Панов ѝ честиташе годишнина на сопругата Марина
Јоце Панов и неговата сопруга Марина денес одбележуваат посебен јубилеј – 8 години брак.
По тој повод, пејачот сподели романтична фотографија со сопругата и на духовит начин ја одбележа нивната годишнина, потсетувајќи дека нивната љубов трае многу подолго.
„25.08.2018 – 25.08.2026 – 8 години брак 🥂
10 години дечко и девојка + 8 години маж и жена = 18 години полнолетство 🙂🥂 Сега веќе нè фаќа закон 🙂“ - напиша Јоце.
Нивната љубовна приказна трае речиси две децении. Јоце и Марина го имаат синот Лука, кој е нивната најголема заедничка радост.
Од првите години како дечко и девојка, па сè до денес како сопружници и родители, Јоце и Марина заедно ги минуваат најубавите животни моменти со многу љубов, семејна среќа и голема доза хумор.