• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Немам веќе рак, плачев со часови: Џеси Џеј сподели дека го победи ракот на дојка

26 мај 2026, 13:25
  • cподели
Џеси Џеј

Џеси Џеј ги израдува фановите со споделувањето на позитивната вест дека го победи ракот.

Во споделеното Instagram видео, британската пејачка документира редовен преглед и признава дека магнетната резонанца многу ја плаши, но дека иако е клаустрофобична, мора да лежи мирна „како Супермен“.

Во описот на објавата, славната музичарка ги соопшти среќните вести:

„Резултатите пристигнаа и јас немам рак. Плачев со часови, а потоа за првпат по една година длабоко издишав.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Џеси Џеј во јуни минатата година јавно откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка, по што веднаш била подложена на операција. Неколку месеци подоцна, мораше да откаже и дел од концертите од својата турнеја, бидејќи ѝ беше потребно дополнително лекување.

Музичката ѕвезда тогаш истакна дека решила јавно да зборува за својата болест за полесно да се соочи со неа, но и за да им даде поддршка на сите кои минуваат низ слична борба. „Морам да го процесирам и да зборувам за ова. Ми треба прегратка“, им порача тогаш на фановите.

Џеси Џеј

Ѕвездата, која во 2023 година стана мајка на синот Скај, призна дека токму ова тешко искуство ѝ донело поинаков поглед кон животот и ѝ дало нова сила.

Џеси Џеј со синот
Џеси Џеј со синот

Низ годините, Џеси Џеј отворено зборуваше и за други здравствени предизвици. Таа се соочуваше со срцева слабост уште како дете, преживеа мозочен удар во тинејџерските години, а во 2020 година претрпе привремено губење на слухот поради Мениерова болест. Минатата година откри и дека има АДХД (ADHD) и ОКП (OCD).

Инаку, 38-годишната пејачка, која зад себе има многубројни глобални хитови, го објави својот најнов албум „Don't Tease Me With A Good Time“ во ноември 2025 година.

Tags
Џеси Џеј

Најнови

  • dm во Гевгелија

    dm отвора нова продавница во Гевгелија на 28 мај

    Tue, 05/26/2026 - 13:46
  • Матуранти од Задар ѝ подарија автомобил на класната, која е самохрана мајка и зад себе има тешка битка со рак

    Tue, 05/26/2026 - 13:37
  • Џеси Џеј

    Немам веќе рак, плачев со часови: Џеси Џеј сподели дека го победи ракот на дојка

    Tue, 05/26/2026 - 13:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.