• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Во 2018 откри дека не може да има свои деца, а сега дека има рак на дојка: Џеси Џеј ќе паузира со музиката за да се оперира

4 јуни 2025, 11:59
  • cподели

Џеси Џеј има рак на дојка и ќе направи пауза од музиката за да се оперира.

37-годишната пејачка ја сподели својата дијагноза преку видео на Instagram. Сакајќи да биде отворена и искрена со своите фанови, Џеси рече дека има рак, кој за среќа бил откриен во ран стадиум, и се пошегува дека ова е начин за да си ги зголеми градите.

Џеси Џеј

„Сакам да споделам нешто со моите фанови и луѓето коишто се грижат за мене. Пред да ја објавам ‘No Secrets’, ми беше дијагностициран рак на дојка во ран стадиум. Го потенцирам зборот ‘ран’. Ракот е ужасен во секоја форма, но се држам за зборот ‘ран’. Знам дека споделувањето во минатото ми помогна преку другите луѓе кои ми ја даваа нивната љубов и поддршката и исто така, нивните стории“ – вели Џеси во видеото.

„Ова е многу драматичен начин за да си ги зголемам градите. Ќе исчезнам некое време по ‘Summertime Ball’ за да си направам операција и ќе се вратам со огромни гради и повеќе музика“ – додава таа.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Во 2018 година, Џеси сред концерт сподели дека четири години претходно ѝ кажале дека никогаш нема да може да има деца.

„Пред четири години ми кажаа дека никогаш нема да можам да имам деца. Ова не ви го кажувам за да ме сожалувате, бидејќи јас сум една од милионите жени и мажи кои минале низ ова и ќе минат низ ова“ – рече таа.

За среќа, по години борба со неплодноста и спонтан абортус, музичарката забремени и доби дете со својот партнер Чанан Сафир Колман.

Нејзиното синче сега има 2 години.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

„Не можам да спијам. Мислам на денешниот ден и на огромната количина на љубов и поддршка кои ги чувствувам. Не можам да не мислам на сите жени и мажи кои сè уште се борат со неплодност и со загуба. Чудно ми е да бидам на оваа страна откако ми беше кажано дека никогаш нема да забременам, па имав спонтан абортус, па пак забременив и тоа се случи многу брзо“ – напиша таа по забременувањето.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.