• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Прогласен новиот Најсекси маж на светот, реакциите не стивнуваат: „Згоден е, но најсекси? Нема шанси“

27 октомври 2026, 12:08
  • cподели
Ноа Вајл

Ноа Вајл беше прогласен за Најсекси маж на светот за 2026 година од списанието People, но изборот наиде на поделени коментари.

55-годишниот актер, кој се прослави со улогата на доктор Џон Картер во легендарната серија „ER“, а денес ја освојува публиката со „The Pitt“, ја доби престижната титула и се најде на насловната страница на списанието.

Ноа Вајл
Ноа Вајл

И додека неговите обожаватели го поздравуваат признанието, дел од читателите на People не го кријат разочарувањето. Под објавеното интервју се редат критики, саркастични забелешки, но и коментари во негова одбрана.

„Тој беше единствениот кандидат?“ - прашува една читателка.

„Згоден е, апсолутно. Но, најсекси маж на светот? Нема шанси“ - гласи друг коментар.

„СЕРИОЗНО??? Човекот кој пред малку го видов како асфалтира патека во мојата улица го засенува!“ - напишала друга читателка.

„Не. Воопшто не е секси. Разочарување“.

„Изгледа како сосема обичен повозрасен господин“ - стои во една од реакциите.

Некои пак сметаат дека титулата повеќе би му прилегала на друг актер.

„Пирс Броснан. Нема потреба од второ мислење“ - напишала една читателка.

Сепак, не отсуствуваат ни позитивни реакции, особено од жените кои го паметат Вајл од неговите почетоци во „ER“.

„Зборувај во свое име! Јас сум повозрасна и заљубена сум во Ноа Вајл уште од времето на ‘ER’! Многу убаво старее!“ - одговорила една обожавателка на критиките.

„Отсекогаш мислев дека Ноа е секси, уште од времето на ‘ER’. Мило ми е што конечно ја доби титулата“.

„Прекрасна и скромна личност! Благодарам, People!“ - гласи друга реакција.

Ноа Вајл
Ноа Вајл

Интересно е што и самиот актер бил изненаден кога дознал дека ќе биде прогласен за Најсекси маж на светот.

„Мислев дека е некаква шега. Ни за милион години не би помислил дека ќе ми биде доделена ваква чест“ - признал тој во интервјуто.

Неговата сопруга Сара била воодушевена од изборот и го уверила дека ја заслужува титулата.

Интересни биле и реакциите на неговите постари деца, 24-годишниот Овен и 21-годишната Оден, од претходниот брак со Трејси Ворбин.

Синот му рекол дека титулата веројатно ќе му го отежни животот бидејќи ќе привлече и негативни коментари додека постарата ќерка не можела да поверува и, како што претпоставува актерот, ќе го задева за тоа во следните 50 години.

Вајл открил и дека далеку од камерите ужива во едноставниот семеен живот, подготвува појадок за сопругата и ќерката и со задоволство ги мие садовите.

„Мијалникот е моја територија. Би им препорачал на повеќе мажи да започнат да мијат садови, бидејќи тоа навистина делува терапевтски“ - изјавил тој.

Tags
Ноа Вајл

Најнови

  • Ким Кардашијан

    Како модерна Круела де Вил: Ким Кардашијан во провокативен точкест фустан позираше со далматинци во Рим

    Tue, 10/27/2026 - 12:47
  • Ноа Вајл

    Прогласен новиот Најсекси маж на светот, реакциите не стивнуваат: „Згоден е, но најсекси? Нема шанси“

    Tue, 10/27/2026 - 12:08
  • „Мојот живот е бајка“: Парис Хилтон со сопругот и малите деца во костими како од „Убавицата и ѕверот“

    Tue, 10/27/2026 - 11:47
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.