„Години“: Спотот на Next Time за новата љубовна песна посветена на жената која дава сила и во најтешките моменти
Next Time имаат нова музика.
Браќата Мартин и Стефан Филиповски ја објавија песната „Години“, заедно со спотот за истата. Популарните близнаци ја воспеваат љубовта која опстојува низ годините, и во убавите и во тешките моменти.
Музиката е на Next Time, додека текстот го потпишуваат Стефан Филиповски, Магдалена Цветкоска – Ена и Лазар Цветкоски – LCV, кој е задолжен и за аранжманот, миксот и мастерингот.
Главната женска улога во спотот ја има моделот Мартина Михајловска.
Видео
Стефан и Мартин одржаа и прес-конференција за промоција на нивниот концерт кој ќе се одржи на 27 ноември во Арена „Борис Трајковски“.