• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Не си чудна или различна. Ти си мајка“: Блогерка го покажа збрчканиот стомак за да ги инспирира мајките

14 август 2018, 11:10
  • cподели

Мајка на ШЕСТ деца го покажа вишокот кожа на стомакот за да испрати моќна порака до сите оние кои сметаат дека тоа е одвратно.

Шерни Кајсер и самата во минатото си го мразела телото затоа што тоа било покриено со стрии и вишок на кожа како резултат на бременостите. Но, таа научила да се сака себеси откако еден ден го слушнала својот сопруг како им раскажува на пријатели дека стриите се убави и дека се резултат на големата љубов на мајките кон своите деца.

Сега, Кајсер преку својот блог и социјалните мрежи цели да ги инспирира останатите мајки да си го сакаат телото и да се гордеат со него.

Еве ја нејзината порака:

Шерни Кајсер

„Како да се ослободам од мојата одвратна висната кожа?“ Секој ден го добиваме ова прашање. Секој ден. Еве го одговорот:

Можете оперативно да ја затегнете кожата на вашиот стомак исто како што можете со оперативен зафат да ги намалите или зголемите вашите гради.

Но, она што секогаш ме загрижува е зборот „одвратна“. Ве молам не го велете тоа. Кога вашата ќерка ќе ви роди внучиња дали ќе ѝ речете дека нејзиниот стомак е одвратен? Се разбира дека не, па престанете да си го велите тоа себеси.

Она што вие го КАЖУВАТЕ за себе, вашите деца ќе го МИСЛАТ за себе засекогаш.

Па, што е она што ќе ѝ го кажете на ќерка ви?

„Тој стомак беше првиот дом на твоето бебе. Тој го носеше, го топлеше, го смируваше и го хранеше. Кожата однадвор се растегнуваше. Исто како на СЕКОЈА МАЈКА НА ЗЕМЈАТА. Некои си го враќаат изгледот од претходно, но кај повеќето кожата останува висната.“ Твојот стомак не е одвратен, не е ниту чуден, ниту различен.

ТИ не си чудна или различна.

Ти си мајка.

Рамен стомак, растегнат стомак, висната кожа, затегната кожа, стрии, тетоважи, пирсинг, оперативно затегната кожа, лузни од царски рез... Не е важно како ти изгледа стомакот, тој е НЕВЕРОЈАТЕН!

Првиот дом на секоја личност било мајчиното стомаче. Нашата иднина 100% зависи од мајчиното стомаче. Тоа е ОГРОМНО нешто. Дефинитивно ова треба да биде најпрославуван дел од човечкото тело. Не градите, задникот или тестисите, тоа треба да биде мајчиното стомаче.

Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер

Еве како изгледала Шерни во минатото пред да го трансформира своето тело:

Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер

A post shared by Sharny and Julius (@sharnyandjulius) on May 30, 2017 at 2:21am PDT

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.