• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Кога се роди, ја немав таа мајчинска љубов, се плашев да ја држам, многу плачев“: „Девојката со крилја“ за периодот по раѓањето на ќеркичката

17 ноември 2026, 10:42
  • cподели

Дејана Бачко и Марко Нежиќ беа гости во подкатсот „Spotlight“.

Инспиративната Србинка родена без раце и нејзиниот сопруг зборуваа за нивното запознавање, за заедничкиот живот, како и за раѓањето на ќерката Лара која отвори сосема ново поглавје во нивните животи.

„Девојката со крилја“ со посебни емоции зборуваше за првите моменти по доаѓањето на свет на нивното прво дете.

„Јас кога се породив, прво ми го донесоа детето... Како јас ќе го земам детето, мислам тие ми ја ставија нејзе на гради... кога се роди таа, ја немав таа некоја мајчинска љубов. Да не бидам сега погрешно сфатена од мајките, но некако не можев веднаш да ги искажам тие чувства, туку дури после, кога можев да ѝ пријдам и сѐ. Бидејќи кога таа беше мала, мора внимателно да се држи, јас во тој момент не можев да ја држам бидејќи се плашев поради вратот. Во тој момент и плачев, не можеше воопшто да биде кај мене во мојата прегратка. Така што имаше доста и плачење и солзи, но со помош секако и од Марко и поддршка од неговите родители и од моја страна го поминавме тоа онака добро.

Но, сега со Лара немаме никакви проблеми, јас ќе чучнам и ќе се свртам, па така таа ми се качува на грб и ја носам на мене... Лара е центарот на мојот свет...“ - раскажа таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GIRL WITH WINGS 🦋 | mama (@devojka_sa_krilima)

Мајката од Нови Сад, која со својата упорност и талент стана пример за многумина, сподели и една случка од секојдневието со тригодишната ќерка:

„Бевме кај братучетка и таа има четиригодишна ќерка која мене ме прашува 'Дејана зошто ти немаш раце?' Јас сакам да се шегувам, па ѝ велам 'Не бев мирна, па ајкула ми ги изеде рацете.' А Лара стои покрај нас и слуша и вели 'Не не, мама е родена така.' Ме поправа“ - низ насмевка раскажа Дејана.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GIRL WITH WINGS 🦋 | mama (@devojka_sa_krilima)

31-годишната девојка секојдневно инспирира на социјалните мрежи. И покрај тоа што е родена без раце, не дозволува ништо да ѝ застане на патот и постојано си ги исполнува целите. Се грижи за себе и своето семејство, вози со нозе, постојано патува. Има дипломирано на Академијата за уметности во Нови Сад, а во 2019 година стана светска шампионка во паратаеквондо.

Со сопругот се заедно од 2020 година, а стапија во брак 4 години подоцна. Ќерката Лара ја добија во 2023 година, а во март годинава мораа да ја прекинат втората бременост, кога во 4-тиот месец беше откриено дека бебето нема развиено горни екстремитети и има тешка аномалија на срцето. И покрај тоа брачната двојка во подкастот откри дека сака да има повеќе деца, можеби 3 или 4.

Неодамна, тие го отворија и Креативниот центар на Здружението „Девојката со крилја“, место каде што се изложени нејзините уметнички дела насликани со нозе, како и место каде што ќе се прават инклузивни и културни проекти, креативни работилници, изложби и значајни средби за лицата со попреченост.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GIRL WITH WINGS 🦋 | mama (@devojka_sa_krilima)

Tags
Дејана Бачко

Најнови

  • Јелена Ѓоковиќ во шик стајлинг покрај Новак, се држеа за рака на конференција на нивната Фондација

    Tue, 11/17/2026 - 20:50
  • „Кога се роди, ја немав таа мајчинска љубов, се плашев да ја држам, многу плачев“: „Девојката со крилја“ за периодот по раѓањето на ќеркичката

    Tue, 11/17/2026 - 10:42
  • „20 месеци болка и недостиг“: Ана Костадиновска сè уште тагува по колегите од ДНК кои починаа по пожарот во „Пулс“

    Tue, 11/17/2026 - 09:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.