„20 месеци болка и недостиг“: Ана Костадиновска сè уште тагува по колегите од ДНК кои починаа по пожарот во „Пулс“
Ана Костадиновска сè уште е скршена од болка по загубата на своите колеги од бендот ДНК кои починаа по страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Талентираната професорка по музика, која таа вечер настапуваше со групата како придружен вокал и едвај успеа да се спаси, објави емотивен пост на Instagram.
Имено цели 20 месеци по огромната трагедијата, Костадиновска сподели фотографии од заедничките моменти со нејзината колешка Сара Пројковска, која ја сметаше за своја сестра, како и од останатите колеги од ДНК.
„20 месеци болка и недостиг“ - напиша Ана.
Ана и Сара беа познато дуо придружни вокали и скоро секогаш беа заедно, како и таа кобна вечер кога во дискотеката избувна пожарот. Ана беше навреме извлечена од опожарениот објект, но Сара, како и најголемиот дел од членовите на групата, за жал не ја преживеа трагедијата.
Панчо почина 7 месеци по трагедијата како последица на повредите.
Во пожарот во Кочани згаснаа животите на членовите на ДНК: пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.