Почетна » Новости » Занимливости » Фит мајка на ШЕСТ деца гордо ги покажа стриите откако сопругот ја увери дека тие се симбол на мајчината љубов

Фит мајка на ШЕСТ деца гордо ги покажа стриите откако сопругот ја увери дека тие се симбол на мајчината љубов

Мајка на шест деца која во минатото си ги мразела стриите научила да се сака себеси откако го слушнала сопругот како вели дека тие се симбол на мајчината љубов. Таа добила огромна мотивација редовно да вежба и да се стреми кон фит тело кое да не се срами да го покаже без оглед на бројните „бели браздички“.

Шерни Кајсер во инспиративна објава на Facebook призна дека во минатото си го мразела телото, затоа што тоа било прекриено со стрии и дека се срамела да носи бикини. Тоа се променило откако еден ден го слушнала сопругот како им објаснува на свои пријатели зошто смета дека стриите се убави.

Нејзиниот текст поттикна многу коментари на социјалните мрежи. Едни ги споделија своите искуства со стриите, други ѝ се заблагодарија за храброста, а трети признаа дека би дале сè за да имаат стрии предизвикани од здрава бременост.

Шерни Кајсер

Во минатото не гледав поента во вежбањето, затоа што телото ми беше прекриено со стрии.

Помислував: „Која е поентата во тоа да имаш одлично тело ако никогаш не носиш бикини?“

Кога ќе ме поканеа да одиме на плажа или на базен, јас секогаш одбивав. Ако случајно не можев да избегнам, ќе седев внатре и ќе помагав со приготвувањето храна или со чистењето. Секогаш носев само шорцеви и маици. Премногу посакував еден ден да можам да носам бикини.

Еднаш, го слушнав мојот сакан сопруг како објаснуваше пред група свои пријатели зошто смета дека стриите се убави.

„Тие се знак дека си жена. Тие се резултат на големата љубов која ја има мајката, зашто таа би го бележала сопственото тело за да донесе дете на овој свет“ – продолжуваше да објаснува сопругот, а колку повеќе зборуваше, толку повеќе јас разбирав.

Се мразев себеси заради истите причини поради кои тој ме сакаше. Моето тело не беше уништено или одвратно, само се трансформираше од тело на себична девојка во тело на несебична мајка, белезите беа само симбол на таа транзиција.

Секојдневен потсетник дека сум мајка.

Ги погледнав моите стрии и почувствував гордост. Почувствував љубов. Љубовта на мојот сопруг и љубовта на моите деца. Секое од нив се хранеше и живееше зад тие белези 9 месеци.

Почувствував гордост.

Почувствував љубов.

Почувствував љубов кон себе.

Најлудото нешто беше тоа што кога започнав да се сакам себеси поради она што го имав, поради телото кое го имав, започнав и повеќе да се грижам за себе.

САКАВ да се хранам здраво. САКАВ да вежбам. САКАВ да ги правам нештата кои ги обожавав.

Едноставно, со самото тоа што го променив начинот на кој се гледав себеси и наместо со омраза започнав да се гледам со љубов и гордост, пронајдов лесна мотивација за да се грижам за моето тело.

Поради оваа мала незначителна промена во мојот начин на размислување, се случи магија... Го добив телото за коешто отсекогаш сонував. Телото за бикини кое мислев дека никогаш нема да го имам откако се прекрив со стрии, стана реалност за мене.

И сè започна кога пред сè започнав да се сакам себеси. Кога станав благодарна за она што го имам, наместо да посакувам нешто подобро.

„Мојата приказна зад белезите е дека износив 6 бебиња во моето тело. Тоа се четири и пол години од мојот живот поминати во блажена состојба. Како би можела да се мразам себеси поради тоа“ – напиша таа во друга објава.

Шерни Кајсер

37-годишната Австралијка го роди своето шесто дете во јануари минатата година.

Шерни и сопругот редовно вежбаат и имаат создадено своја фитнес програма со која сакаат да им помогнат и на други лица да влезат во форма.

Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни Кајсер Шерни КајсерШерни пред трансформацијата Шерни КајсерШерни по трансформацијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.