Нашиот стилист Марјан Петров се погрижи за изгледот на Јаков Јозиновиќ во Милано, го пофали за позитивната енергија
Марјан Петров продолжува со своите професионални ангажмани во Милано, каде деновиве се одржува Модната недела.
Македонскиот стилист се погрижи за изгледот на Јаков Јозиновиќ, кој присуствуваше на ревијата на Diesel. Тој ја пофали младата хрватска музичка ѕвезда за позитивната енергија, впечаток кој Јаков го остава и на секој негов концерт и настан.
Јаков, кој во последно време е една од најпопуларните млади ѕвезди во регионот, сподели видео од појавувањето на настанот.
Претходно, Марјан се сретна со светски познати ѕвезди како Адријана Лима и Сиара.
