„Најсреќен роденден Тета чистачка“: Каролина Гочева блеска на 46-тиот роденден, внуката Инес со забавна порака
Каролина Гочева го прослави својот 46-ти роденден во весела и опуштена атмосфера и сподели со фановите видео и фотографии од забавата.
Македонската пејачка блескаше додека ја дуваше роденденската торта и си замислуваше желба. Преку описот на Instagram, Каролина порача дека за неа годините се само број и дека се чувствува како да има 26 години.
„Real feel 26! 🤣 Ви благодарам на сите за убавите желби 🥂❤️“ – напиша таа.
Меѓу роденденските пораки се издвојуваше онаа од нејзината внука Инес, која со хумор ѝ порача:
„Најсреќен роденден Тета чистачка. Те сакам“, мамејќи насмевки кај голем број од следбениците на нашата музичарка.