За сезоната пролет/лето 2017, Кристијан се позабавува со колоритни нитни и леопардски принт, а силуетата на одредени чевли ја збогати со „крилја“ инспирирани од рајски птици.
Стилските приказни на Ерика Хоида се идеални за инспирација, бидејќи инкорпорираат некои од најсилните актуелни трендови како – чизми над колена, голи раменици, топли волуменозни џемпери и кадифе.
Ни претстои празничната сезона, па потрагата по идеи за шминка и фризури е во полн ек. За да ни го олеснат тој „процес“, Harper’s Bazaar и фризерот Мет Фугејт предлагаат четири модерни фризури.
Раскошот на руската аристократија и скапоцените фаберже-јајца им послужија како инспирација на Џорџина Чапмен и Керен Крег при дизајнирањето на двете нови колекции за модните линии Marchesa и Marchesa Notte.
Животот на Џенис Јостема драстично се промени благодарение на Instagram. Девојката која пред неколку години се обидуваше да се пробие во модната индустрија како модел, сега е влијателна блогерка која годишно заработува шестцифрена сума во долари.