Списанието „Harper’s Bazaar“ ја прослави 150-годишнината од своето постоење со голема забава. Холивудската прослава се одржа во хотелот Sunset Tower во Лос Анџелес.
На свеченоста присуствуваа бројни славни дами кои се најдоа на најновата листа на најдобро облечени жени создадена од популарното списание.
Миранда Кер се појави во колоритен фустан од Каролина Ерера, Зухаир Мурад ја облече Џулиен Хаф, Сиара го покри трудничото стомаче во креација од Реа Коста, Алесандра Амбросио својот изглед му го довери на Balmain, а Кендал Џенер привлекуваше погледи во креација од Ла Перла.
Погледнете како изгледаа гостинките на забавата и оценете го нивниот стил:





























