Замисли ја оваа слика: опуштено седиш во дневната соба, а во позадина свират празнични песни. Над масата се шири мирис на цимет, печени јаткасти плодови и чоколадо. Надвор можеби е студено, но внатре е топло на еден поинаков начин: топло од смеа, од споделени приказни и од она чувство дека сите сте дома, без разлика колку често се гледате во текот на годината.
На средина од масата – една едноставна, но магична чинија полна со мали празнични искушенија. Во неа се вкусните dmBio колачиња од спелта, прелиени со темно чоколадо, кои крцкаат и се топат во уста.
До нив, dmBio колачињата со јаболко, прелиени со млечно чоколадо – како слатка средина помеѓу овошната свежина и слаткото чоколадо.
Веднаш до нив, како ѕвезди што паднале право во вашата чинија, се dmBio ѕвездите со цимет, бадеми и лешници – потсетуваат на детството и деновите кога Божиќ значеше нетрпение и чудо.
Мирис на Божиќ во целиот дом значи повеќе од украсена елка и внимателно завиткани подароци. Значи атмосфера што се создава со мали, но внимателно избрани детали: топлина, омилените луѓе и неколку посебни закуски што ја прават празничната приказна комплетна. Со трите dmBio празнични производи на масата, домот не мириса само на чоколадо, јаболко и цимет – мириса на блискост, на традиција и на нови спомени што штотуку се создаваат.
Затоа запали свеќа, пушти ја омилената божиќна песна и нареди ги колачињата во убава чинија. Токму тоа е мирисот на Божиќ – кога срцето е полно, домот е топол, а една мала празнична чинија со dmBio колачиња станува центарот на сите ваши зимски приказни.