• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2022

1 октомври 2022, 09:40
  • cподели

Октомври ќе биде сè само не и здодевен. Промените се на прагот. Трите планети Меркур, Плутон и Сатурн ќе го прекинат ретроградното движење, правејќи повторно да се чувствуваме енергично, дружељубиво и мотивирано.

Олеснување во комуникацијата со луѓето можеме да очекуваме уште на почетокот од месецот, кога Меркур ќе премине во директно движење во девица. Слободно можеме да им кажеме збогум на недоразбирањата, загубените документи, расеаноста и проблемите со технологијата.

Директното движење на Плутон по 8 октомври ќе ни ги разјасни мистериите и ќе ни даде одговор на многу прашања. Она што се криело во длабочините, сега ќе исплива на површина и сите ќе можат да го видат.

Романтичната Венера цел месец ќе ги разубавува вага и шкорпија, зголемувајќи ја температурата во нашиот љубовен живот. Срцето ќе ни порасне двојно месецов, па сите ќе љубиме бестрашно.

Проблеми во рајот на претпоследниот октомвриски ден ќе започне да предизвикува сексапилниот Марс, кој ќе премине во ретроградно движење во близнаци. Можно е да имате сомнежи поврзани со вашиот партнер или симпатија.

Најсреќни месецов ќе бидат ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ.

Датум Случување
2 октомври☿ Меркур преминува во директно движење во девица
8 октомври♇ Плутон преминува во директно движење во јарец
9 октомври☽ Настапува полна месечина во овен
11 октомври☿ Меркур влегува во вага
23 октомври♄ Сатурн преминува во директно движење во водолија
23 октомври♀ Венера влегува во шкорпија
23 октомври☉ Сонцето влегува во шкорпија
25 октомври☽ Настапува млада месечина во шкорпија
28 октомври♃ Јупитер со ретроградно движење влегува во риби
29 октомври☿ Меркур влегува во шкорпија
30 октомври♂ Марс преминува во ретроградно движење во близнаци

Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.