• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2023

1 јуни 2023, 11:08
  • cподели

Јуни традиционално ни ги буди љубопитството и желбата за дружење. Контактирањето со многу лица ќе нè усреќува повеќе од вообичаено, па ќе ги зачестиме друштвените средби во актуелната сезона на близнаците.

Огнениот Марс и романтичната Венера ќе се здружат во лав, што значи дека страста ќе виори околу нас и ќе нè поттикнува да бидеме посмели на љубовен план. А тоа е невозможно да не резултира со жешки средби кои ќе ни го растреперуваат и срцето и телото.

Сепак, нема сè да биде така розово. Сатурн на 17 јуни ќе премине во ретроградно движење во риби, а на 30 јуни нему ќе му се придружи и Нептун. Големи се шансите да се соочиме со проблеми предизвикани од обелоденување на тајни или скриени намери. Ретроградните движења го „враќаат“ минатото, па можно е да воскреснат стари проблеми кои сме мислеле дека се закопани засекогаш.

Младата месечина на 18 јуни ќе донесе први бакнежи, вести за бременост, свршувачки, свадби... Време е за славење.

Најнаградени во јуни ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, но и РАКОВИТЕ ќе бидат опсипани со среќа од небесните тела.

Датум Случување
4 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
5 јуни♀ Венера влегува во лав
11 јуни♇ Плутон со ретроградно движење влегува во јарец
11 јуни☿ Меркур влегува во близнаци
17 јуни♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во риби
18 јуни☽ Настапува млада месечина во близнаци
21 јуни☉ Сонцето влегува во рак
27 јуни☿ Меркур влегува во рак
30 јуни♆ Нептун преминува во ретроградно движење во риби

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.