• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2022

1 јуни 2022, 12:29
  • cподели

Јуни е месец на промени, но и на креирање на доволно простор за да можеме внимателно да ги обмислиме нашите следни значајни животни потези.

Меркур, планетата на комуникацијата, ќе го прекине ретроградното движење, со што ќе „испарат“ многу конфликти и недоразбирања кои ни ја трошеле енергијата. Повторно ќе се чувствуваме дека можеме да комуницираме со луѓето без пречки и ќе престанат да нè мачат расипани уреди, одложени патувања, изгубени документи или погрешно сфатени примени или испратени пораки.

Полната месечина на 14 јуни ќе биде супермесечина, па да очекуваме бомбастичен ден исполнет со многу изненадувања.

Романтичната Венера ќе ни покаже дека отворените разговори се суштински важни за одржување на силни љубовни сојузи. Многумина ќе се убедат дека интелектот може да биде многу, многу секси.

Нептун и Сатурн ќе започнат да се движат ретроградно, како што тоа го прават секоја година. Сепак, тоа не треба да нè плаши. Напротив, тие ќе ни помогнат да успориме со правењето на крупни чекори и темелно да размислиме што е најправилно за нас.

Најсреќни месецов ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.

Датум Случување
3 јуни☿ Меркур преминува во директно движење во бик
4 јуни♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во водолија
13 јуни☿ Меркур влегува во близнаци
14 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
21 јуни☉ Сонцето влегува во рак
23 јуни♀ Венера влегува во близнаци
28 јуни♆ Нептун преминува во ретроградно движење во риби
29 јуни☽ Настапува млада месечина во рак

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати

    Fri, 01/09/2026 - 10:10
  • 11-годишната Вики по вторпат ја победи леукемијата: „Беше претешко да се најде донор, но Господ е голем“

    Fri, 01/09/2026 - 09:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.