• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2023

1 декември 2023, 10:40
  • cподели

Време е за возбуда, еуфорија и позитивни промени.

Во декември две планети ќе го прекинат ретроградното движење, а поставеноста на небесните тела ни гарантира посакувани животни трансформации, па задоволни ќе влеземе во 2024 година.

Нептун, планетата на скриените намери, ќе го прекине ретроградното движење на 6 декември, ослободувајќи нé од непотребни и неосновани сомнежи. Конечно ќе си ја вратиме довербата во врските кои ни значат.

Романтичната Венера најголем дел од месецот ќе престојува во шкорпија, поттикнувајќи нé да ги поканиме новитетите во љубовта. Спонтаноста и желбата за нови дози адреналин ќе ни подарат незаборавни романтични и сексуални авантури.

Проблематичен ќе биде само Меркур, кој од 13 декември до 2 јануари 2024 ќе се движи ретроградно и ги зголемува шансите за одложување на патувања и планови, губење на важни документи или непотребни расправии и недоразбирања. Важно е да се наоружаме со трпение, да се организираме посветено и да кроиме подетални планови.

Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе премине во директно движење на последниот ден од 2023, а со тоа ќе ни подари многу успеси и шанси за заработка на почетокот на 2024 година.

Најсреќни во декември ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ и ЈАРЦИТЕ.

Датум Случување
1 декември☿ Меркур влегува во јарец
4 декември♀ Венера влегува во шкорпија
6 декември♆ Нептун преминува во директно движење во риби
13 декември☽ Настапува млада месечина во стрелец
13 декември☿ Меркур преминува во ретроградно движење во јарец
22 декември☉ Сонцето влегува во јарец
23 декември☿ Меркур со ретроградно движење влегува во стрелец
27 декември☽ Настапува полна месечина во рак
29 декември♀ Венера влегува во стрелец
31 декември♃ Јупитер преминува во директно движење во бик

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.