• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – декември, 2016

1 декември 2016, 11:15
  • cподели

Годината ќе ја завршиме со оптимизам, отворени срца и добри дела.

Во првите три недели од декември, Сонцето ќе патува низ стрелец, акцентирајќи ги позитивните мисли во нашите глави. Ова е одличен период за деловни патувања или патувања за задоволство, проширување на бизниси и експериментирање на љубовен план.

На 14 декември полната месечина ќе настапи во близнаци, а ќе бидеме сведоци и на појавата супермесечина. Тоа е одличен ден за поправање на пријателски/љубовни/деловни/семејни односи. Под светлината на месечината, ќе завладее хармонија.

Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ водолија, правејќи нè екстра дружељубиви и дарежливи. Ќе уживаме во многу веселби, но многумина од нас нема да заборават да донираат парични средства или да волонтираат.

Со своето ретроградно движење, Меркур создава услови за недоразбирања и тензии. Од 19 декември, па до крајот на годината, неопходно е да бидеме потолерантни и да броиме до 10 пред да избувнуваме, сè со цел да избегнеме несакани конфликти. Скротете ја импулсивноста во втората половина од месецот.

Датум Случување
3 декември☿ Меркур влегува во јарец
7 декември♀ Венера влегува во водолија
14 декември☽ Настапува полна месечина во близнаци
19 декември♂ Марс влегува во риби
19 декември☿ Меркур преминува во ретроградно движење во јарец
21 декември☉ Сонцето влегува во јарец
29 декември☽ Настапува млада месечина во јарец
29 декември♅ Уран преминува во директно движење во овен

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Ниту религијата, ниту далечината не ги разделија: Љупче од Делчево ја запроси Турчинката Ајлин во лет над глечер на Алјаска

    Thu, 09/10/2026 - 22:20
  • Македонската приказна која стигна до Холивуд: Тамара Котевска во креација инспирирана од филмот „Приказната за Силјан“ на Еми наградите

    Thu, 09/10/2026 - 15:36
  • Од плач до танц: Реакција на бебенце на хитовите на Bad Bunny ќе ве насмее

    Thu, 09/10/2026 - 15:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.