• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Менопауза, коски и срце: зошто се поврзани?

7 април 2026, 11:51
  • cподели

Менопаузата не значи само прекин и отсуство на менструален циклус, туку значителна метаболна промена, каде естрогенот како главна хормонска контролна точка во организмот на жената, се намалува, предизвикувајќи низа промени на целокупното здравје, вклучително и на коскениот систем. Во нормалната здрава коска наизменично работат два циклуси, процес на создавање (остеобласти) и процес на разградба на коскено ткиво (остеокласти). Естрогенот особено делува на ублажување на процесот на коскена разградба, влијаејќи на остеокластите, па додека е тој во доволна количина во организмот, така и коскената разградна е под контрола, доведувајќи до стабилизација на коскената маса.

Со почетокот на менопаузата, количеството на естроген во циркулацијата почнува постепено да се намалува и така неговото влијание врз клетките на коскена разградба (остеокластите) почнува да се намалува, па коската почнува повеќе да се разградува отколку создава. Ваквиот процес е најинтензивен во првите 5 до 7 години од почетокот на менопаузата каде може да се изгубат и до 20% од коскената маса.

Со влегување во менопауза, нивото на естроген значително опаѓа. Ова доведува до:

  • Зголемување на крвниот притисок
  • Покачување на холестеролот
  • Поголема склоност кон развој на атеросклероза

Како резултат, ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените по менопауза значително се зголемува и постепено се изедначува со оној кај мажите.

Менопауза

Како естрогенот влијае на срцето?

Естрогенот има заштитен ефект врз кардиоваскуларниот систем, особено кај жени во репродуктивниот период. Тој:

  • Го подобрува квалитетот на крвните садови, правејќи ги поеластични
  • Помага во регулирање на нивото на холестерол (го намалува „лошиот“ LDL, а го зголемува „добриот“ HDL)
  • Го намалува воспалението во крвните садови
  • Има поволен ефект врз крвниот притисок

Поради овие ефекти, жените пред менопауза имаат помал ризик од срцеви заболувања во споредба со мажите на иста возраст.

Намалувањето на коскеното ткиво на почетокот доведува до состојба која се нарекува остеопенија, доколку оваа состојба продолжи подолг временски период без соодветна дијагностика и суплементација, следува состојба на остеопороза која е напредна фаза на намалена коскена густина при што е зголемен ризикот за фрактура на коските. Остеопорозата е безболна и често жените не се свесни дека нивните коски се ослабени, се додека не се случи некоја повреда и фрактура. Затоа дијагностиката на оваа болест мора да биде навремена.

Златниот стандард за дијагноза на остеопороза е Остеодензитометријата (ДЕКСА скен) кој ја одредува густината на коските, најчесто на колкот и рбетот. Се одредува преку изразување на Тскор кој е одреден со правење споредба на густината на коските на пациентот со онаа кај здравата популација. Со вредност од -1 до -2.5 е првата фаза или остеопенија, а над -2.5 е  критериум за остеопороза.

Како дополнување на остеодензитометријата, се применуваат и лабораториски анализи како што се остеокалцин, бета крос лапс, калциум, фосфор, витамин Д.

Препораките се дека секоја жена над 65 години треба да направи скрининг за остеопороза.

За жените кои се помлади од 65 години, се препорачува ваков скрининг само доколку има некаков дополнителен ризик фактор како многу мала телесна тежина (Индекс на телесна маса под 19 kg/m²), долготрајна употреба на кортикостероиди, рана менопауза (пред 45-та година) и слично.

Естрогенот е еден од главните женски полови хормони и има многу важни улоги во организмот – не само во репродуктивниот систем, туку и во одржување на здравјето на срцето и крвните садови.

Дали хормонската терапија помага?

Хормонската супституциона терапија (естрогенска терапија) може да има позитивни ефекти кај одредени жени, но не е препорачлива за сите. Таа може да:

  • Ги ублажи симптомите на менопауза
  • Делумно влијае на кардиоваскуларниот ризик

Сепак, може да носи и ризици (како тромбози или одредени видови карцином), па затоа одлуката за терапија секогаш треба да се донесе индивидуално, во консултација со лекар.

Што можете да направите за здраво срце?

Без оглед на нивото на естроген, здравиот начин на живот е клучен:

  • Балансирана исхрана (богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки)
  • Редовна физичка активност
  • Контрола на телесната тежина
  • Редовно мерење на крвниот притисок
  • Редовно мерење на нивото на холестерол и гликоза во крвта
  • Престанок со пушење

Естрогенот игра значајна заштитна улога за срцето, но со неговото намалување во менопауза, ризикот од кардиоваскуларни заболувања расте. Затоа е важно жените навреме да обрнат внимание на своето кардиоваскуларно здравје и редовно да се контролираат.

Во насока на заштита на женското здравје во Клиника Жан Митрев актуелни се промотивни цени и пакети за дел од услугите. Нудиме поволности за сите жени кои сакаат да направат Менопауза хормонален панел, DEXA, консултација за менопауза како и кардиоваскуларна проценка.

Автори:
Проф. д-р Милка Клинчева, Спец. по интерна медицина, Супспец. по кардиологија
и
Д-р Џулиана Михајловска, Специјалист по ендокринологија

Д-р Клинчева и д-р Михајловска
Проф. д-р Милка Клинчева и Д-р Џулиана Михајловска
Tags
менопауза
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • The Devil Wears Prada 2

    Финалниот трејлер за продолжението на филмскиот хит „The Devil Wears Prada“

    Tue, 04/07/2026 - 13:36
  • Совршен микс од Мама и Тато: Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит ги „полуде“ фановите во музички спот

    Tue, 04/07/2026 - 12:37
  • Менопауза

    Менопауза, коски и срце: зошто се поврзани?

    Tue, 04/07/2026 - 11:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.