• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ме скрши Пане мој“: Ана Костадиновска и Горан Тонев скршени од болка се збогуваа со Панчо од ДНК

15 октомври 2025, 08:19
  • cподели

Вчера Македонија ја потресе веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо на 46-годишна возраст. Тој е осмиот член од групата ДНК кој го изгуби животот како последица на пожарот во Кочани.

Двајцата членови на бендот, кои успеаја да ја преживеат кобната ноќ, Ана Костадиновска и Горан Тонев, скршени од болка се простија од својот колега преку емотивни постови на социјалните мрежи.

Ана сподели албум со заеднички фотографии со Панчо и напиша: „Ме скрши Пане мој“.

Ана Костадиновска Ана Костадиновска Ана Костадиновска Ана Костадиновска Ана Костадиновска Ана Костадиновска

Горан исто така сподели заедничка фотографија со покојниот пејач и се збогуваше со него со зборовите: „Почивај во мир Панчо“ и скршено срце.

Ана Костадиновска

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот наутро.

Во пожарот во Кочани згаснаа животите на речиси сите членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.

Панчо е 63-тата жртва на трагедијата.

Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.