• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Мастопексија – хирургија за редукција и подигање на гради

25 мај 2022, 22:00
  • cподели

Кога зборуваме за естетика на женски гради, вообичаено првото што ни паѓа на ум е зголемување на градите. Но, добро е да се знае дека постои и опција за намалување на големината или подигање на градите. Станува збор за процедура која припаѓа на пластичната хирургија, а се изведува со цел намалување на обемот на градите кај жени кои имаат потреба од тоа.

Имено, со оваа хируршка процедура се постигнува пропорционалност во изгледот на телото, при што самите гради се доведуваат во соодветна големина со останатиот дел од телото. Исто така, важно е да се знае дека по процедурата не се губи од сензитивноста и функционалноста на ткивото на дојките, односно возможна е лактација – доење.

Мастопексија

Причините поради кои една жена може да посегне кон оваа процедура може да бидат од различна природа и тоа: физички, естетски и физиолошки – враќање на идеалната форма на жената, подобрување на сопствената слика за себе и менталното здравје исто така.

Жените со овој проблем страдаат од хронична болка во грбот, вратот и рамената која е предизвикана од самата тежина на градите; имаат проблеми со дишењето; имаат полоша циркулација; страдаат од кожни инфекции (во пределот под градите); неможност да најдат соодветен градник и облека; неможност да се занимаваат со спорт и воопшто имаат проблеми со квалитетот на живот.

Жените развиваат поголеми гради особено во периодот на пубертет, но овој проблем може да се јави и по бременоста и доењето, по нагло зголемување на телесната тежина или во менопауза.

Решението за овој проблем е хируршката редукција која се одвивa преку обратен Т рез (форма на сидро) по должина на секоја од дојките, при што се отстранува вишокот на масното ткиво и кожа и се прави репозиционирање на брадавицата. Резот е по должина на самите мамили (млечни жлезди) и под преклопот на градите, што го прави невидлив и прифатлив од естетски аспект.

Мастопексија

По оваа интервенција, потребен е болнички престој во траење од два до три дена, по што пациентката се пушта на домашно заздравување со препорака за носење на еластичен градник за подигање на дојките уште еден месец.

Мастопексија

Иако резултатите се видливи веднаш, сепак треба да се има предвид дека е потребно време за да се повлечат и заздрават отокот и хематомите. Финалниот резултат е траен, со можни мали варијации, зависно од годините и телесна тежина (дебелеење/слабеење).

Оваа интервенција е контраиндицирана кај жени чиј мамограм покажал неевалуирана неоплазма, жени кои дојат и хипертрофија која е примарно причинета од наголемување на млечните жлезди.

Мастопексија успешно се изведува во Клиничката болница Жан Митрев веќе десеттина години наназад. Операцијата ја извршува академик д-р Жан Митрев со својот стручен тим.

Доколку ви е потребна консултација и мислење, слободно закажете термин на 02/3091-484.

Мастопексија

Комерцијален текст

Tags
мастопексија
Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.