Мартин со Андреа и ќеркичката, Стефан со Тинеа: Браќата од Next Time на свадба во Тоскана
Мартин и Стефан Филиповски заедно со нивните семејства беа сведоци на моментот кога Марија Андоновска и Кристијан Дисингер си го кажаа судбоносното „ДА“.
Браќата од Next Time присуствуваа на идиличната прослава, која се одржа во вила во Тоскана и споделија моменти од филмската свадбена атмосфера.
Мартин беше придружуван од сопругата Андреа и ќеркичката Лиана. Пред да се упатат во Тоскана, тие заедно ја посетија прекрасната Венеција.
Стефан покрај себе ја имаше сопругата Тинеа. Среќниот брачен пар претходно уживаше во авантуристичко патување низ Амалфи, Капри и Соренто.