Свадбена идила: Марија од Струмица и германскиот ракометар Кристијан Дисингер се венчаа во Тоскана
Тоскана, со своите бескрајни лозја, препознатливи кипариси и златни залези, отсекогаш била синоним за врвна романтика. Токму овој италијански рај беше изборот на убавата струмичанка Марија Андоновска и познатиот германски ракометар Кристијан Дисингер за крунисување на нивната љубовна приказна.
Свадбената прослава се одржа во прекрасна тосканска вила која изгледаше како буквално да излегла од сценографија на некој романтичен филм.
Долгите маси поставени на отворено, беа украсени со бордо декорации и бели свеќи кои создаваа филмска атмосфера како што настапуваше ноќта.
Марија блесна во софистицирана венчаница со долг вел од чипка, додека Кристијан изгледаше елегантно во црно одело, не криејќи ја среќата покрај својата избраничка.
Претходно, шармантната невеста носеше краток фустан додека позираше со своите сестри и пријателки.
Присутните гости споделија многу видеа и фотографии на социјалните мрежи.