Амалфи, Капри, Соренто... Стефан од Next Time со сопругата Тинеа на авантуристичко патување низ Италија
Стефан Филиповски и неговата сопруга Тинеа ги полнеа батериите на авантуристичко патување низ Италија.
Вљубениот пар посети многу атрактивни локации низ земјата, меѓу кои Амалфи, Капри и Соренто.
На социјалните мрежи, тие споделија фотографии од ова прекрасно доживување.
Популарниот музичар од Next Time не ја криеше среќата што го посети местото каде што е создадена неговата омилена песна „Caruso“.
„На местото каде што е создадена ‘Caruso’ – песна што многу ја сакам и која за мене е една од најубавите песни што некогаш биле напишани“ – напиша тој.