• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Мартија Станојковиќ атрактивна гостинка на свадба неколку месеци откако раскина со дечкото

21 септември 2026, 12:39
  • cподели

Мартија Станојковиќ со атрактивен изглед привлекуваше внимание на свадбена прослава месеци по раскинувањето со дечкото.

22-годишната македонска пејачка на Instagram сподели фотографии од сексапилниот изглед кој ѝ донесе бројни комплименти и на социјалните мрежи.

Елегантната тоалета со прерамки во небесно сина боја носи потпис на дизајнерката Матеа Драгишиќ. Фустанот со висок шлиц, кој имаше впечатливи везени црвени детали во долниот дел, ѝ се влечеше по земјата.

Мартија изгледот го надополни со минималистички накит и високи потпетици во слична нијанса.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Martija Stanojkovic (@martijastanojkovic)

Пред неколку месеци, Мартија потврди дека раскинала со своето момче Матеј Казаков со кого беше во врска три години.

Мартија Станојковиќ

Во претходно интервју за Фемина, Станојковиќ зборуваше за музиката, но и за својот моден стил.

„Сакам тренерки, широки и удобни парчиња, но ретко излегувам без шминка, тоа е навика што ја имам научено од мајка ми. На сцена е поизразено, но суштината е иста.“

„Пред сè, сите сме луѓе и нормално е некогаш да не изгледаме совршено. Не ми се допаѓа што на социјалните мрежи често се пласираат нереални верзии од себе, затоа што тоа создава погрешни очекувања. Поддржувам грижа за себе, секој треба да се труди да се чувствува и изгледа подобро, но мислам дека е многу важно да се задржи природната автентичност“ – рече Мартија.

Tags
Мартија Станојковиќ

Најнови

  • Бака Прасе лажеше на Instagram дека е уапсен, ќе добие кривична пријава

    Mon, 11/09/2026 - 19:47
  • Бака Прасе е приведен? Неговиот тим тврди дека бил одвлечен од дома од маскирани лица

    Mon, 11/09/2026 - 14:09
  • Eucerin

    Убавината по 25-тата: Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic, кога науката ѝ помага на кожата да остане своја

    Mon, 11/09/2026 - 12:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.