• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Македонка создава забавна уметност со храна за да ја научи ќеркичката да се храни правилно и здраво

29 мај 2018, 10:55
  • cподели

Преку креативни оброци полни со здрави намирници, мајка од Македонија ја учи малата ќерка како да се храни правилно и здраво.

Кристина Мицкоски создава забавна уметност во чинија заедно со ќерка си Алексиа не само за да ѝ покаже што треба да јаде, а што не, туку и за да ја поттикне нејзината љубопитност и да ја стимулира нејзината фантазија.

Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски
„Создавајќи ја креативната чинија со храна, директно влијаеме врз интелектуалниот и креативен развој на децата!“
Кристина

„Мотивот за да започнам со креативни оброци е секако ќерка ми. Желбата да се храни здраво и да почне да учи за здравата храна ми е на прво место. Да знае што треба а што не треба да јаде, на кој начин да внесе повеќе свеж зеленчук или овошје во текот на денот. Сето тоа придонесе јас секогаш кога имам инспирација и време да создаваме заеднички креативен оброк полн со витамини.“

„Исто така голем мотив за мене е сознанието дека создавајќи ја креативната чинија со храна, директно влијаеме врз интелектуалниот и креативен развој на децата! Ја поттикнуваме нивната љубопитност и заинтересираност, ја развиваме нивната умешност за распознавање на формите, боите, сензорната анализа на храната низ очите на децата, изборот на храна, поврзаноста на храната и надворешниот свет, препознавање на вкусовите“ – изјави Мицкоски за Femina.mk.

Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски
„Радоста и среќата во нејзините очи, кога ќе ја види храната така сервирана, стана уште поголем мотив за да смислувам нови креации.“
Кристина

Се разбира, најголем мотив за Кристина да измислува нови и нови креации е среќата во очите на нејзината мала принцеза.

„Креативни оброци започнав да создавам сосем случајно. Беше есен, врнежливо попладне, не погодно за излегување надвор, а погодно за игра по дома. Алексиа тој период беше околу две и пол години. Почнавме да пополнуваме време со креативните чинии кои заеднички ги смислувавме. Малку по малку стана забавна и заразна игра за нас две! А за мене, радоста и среќата во нејзините очи, кога ќе ја види храната така сервирана, стана уште поголем мотив за да смислувам нови креации“ – вели таа.

За декорациите со храна, Кристина се инспирира од книгите за добра ноќ кои ги чита со ќерката, од околината и од интернет. Таа ги познава желбите на Алексиа и ги отсликува во своите креации.

„Инспирации црпам од секојдневието, од интернет, околината, книгите за добра ноќ кои ги читаме со Алексиа и нејзините желби“ – додава креативната Македонка.

Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски
„Децата се нашата сегашност и иднина! А ние сме тие кои треба да се вложиме да имаат среќно и безгрижно детство исполнето со правилна исхрана.“
Кристина

На мајките во Македонија, Мицкоски им порачува дека правилната исхрана е најголемата инвестиција во животот на еден човек и дека таа е клучна за развојот во првите години од животот на детето.

„Децата се нашата сегашност и иднина! А ние сме тие кои треба да се вложиме да имаат среќно и безгрижно детство исполнето со правилна исхрана - најголемата инвестиција во животот на еден човек.“

„Од самото раѓање започнува процесот на образованието за исхрана и тоа трае во текот на целиот живот. Но, првите години се особено важни за развојот на физичкиот и интелектуален развој на малите деца. Изборот на храната и нејзиниот квалитет директно влијаат врз растот на детето, неговиот духовен и физички раст и развој. Да им помогнеме да станат силни и успешни луѓе во иднина!“ – порачува Кристина.

Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски Кристина Мицкоски
Tags
креативни оброци

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.