Почетна » Новости » Занимливости » Мајка од Македонија создава креативни оброци за синчето да се храни здраво и да ужива во јадењето

Мајка од Македонија создава креативни оброци за синчето да се храни здраво и да ужива во јадењето

Креативна мајка од Скопје ги развеселува оброците на малото синче за тоа да се храни здраво и да ужива во јадењето.

Бојана Митрикеска по професија е економист, а обожава да минува време во кујната со 4-годишниот син Максим и заедно да создаваат вкусни и забавни креации од храна. Преку заедничкото декорирање на чиниите, таа го учи синчето на правилниот избор на храна и на важноста на здравата исхрана „за тој да порасне голем“.

Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска
„Насмевката и среќата кога ќе ги види ми даваат уште поголема инспирација за секое следно слободно време да биде поуспешен креативен оброк.“
Бојана

„Тоа мало плавооко гурманче, уште кога почнавме со пробување на вкусови и воведување на оброци, отвори еден нов свет во мене, кога зборувам на тема готвење. Сфатив дека јас, како мајка, морам да го научам на правилниот избор на храна и како расте, да му го покажувам тој патоказ неуморно, за да расте здраво и правилно.“

„За среќа, имам благодарно дете кое и од многу мало почна само да јаде, но го поминав и јас тој хаос со комбинации на храна, омилени и помалку пожелни на маса, повторувајќи по не знам колку пати на ден што е правилно, а што не; што е здраво за да порасне голем“ – изјави Бојана за Femina.mk.

Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска

Таа започнала да ја декорира храната откако со Максим направиле човече од кора од портокал за работилница во градинка и сега го користи секое слободно време за да создаде нова креативна чинија за Максим.

„Како расте, така сè повеќе уживам да готвам, гледајќи како со задоволство ги бира здравите намирници, правејќи ја насмевката на мама се поголема.“
Бојана

„И почнавме еден ден да правиме човече од кора од портокал, за работилница во градинка, првиот момент од „Игра со храна“... Не верував дека имам трпение за сите тие сецкања и украсувања, но и мислев дека одзема кој знае колку време. Не било така. Од желбите на Максим со помош од интернет успеав и успевам да направам нешто интересно во тањир. Насмевката и среќата кога ќе ги види ми даваат уште поголема инспирација за секое следно слободно време да биде поуспешен креативен оброк“ – објаснува Бојана.

„Прво почнав со шарени прибори, интересни тањирчиња, за да не биде храната само оброк кој треба да се изеде од навика, туку со уживање. Како расте, така сè повеќе уживам да готвам, гледајќи како со задоволство ги бира здравите намирници, правејќи ја насмевката на мама се поголема.“

„Јас сум среќна мајка, покрај сите прошетки на сонце и чист воздух, уживам и во слободните мигови потрошени во кујна.“
Бојана

„Максим е секогаш до мене кога креирам, работиме заедно создавајќи една нова приказна, учиме форми, бои, витамини... како растат овошјето и зеленчукот“ – вели таа, додавајќи дека е пресреќна што нејзиниот син попрво би избрал риба и брокула одошто сувомеснати производи.

„Сувомеснати производи до ден-денес не сака да погледне, но лук, риба, брокула и спанаќ би јадел секој ден. Јас сум среќна мајка, покрај сите прошетки на сонце и чист воздух, уживам и во слободните мигови потрошени во кујна.“

Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска

Бојана им се заблагодарува на администраторите на Facebook групата „Здрава храна, здрави деца“, од каде секојдневно црпи идеи и каде ги објавува своите забавни креации од храна.

„И едно големо БЛАГОДАРАМ за Весна Ѓурковска Каеска еден од админите на ‘Здрава храна, здрави деца’ за секоја споделена идеа, како и до Ирина Наков и Елена Петковска и нивниот ‘Бебе готвач’. Тие ги направија коцките, ние само ги склопуваме“ – вели таа.

Бојана МитрикескаБојана и синот Максим Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска Бојана Митрикеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.