• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Мајко, останав сам“: Почина сопругата на Халид Бешлиќ осум месеци по неговата смрт, синот со трогателна објава

2 јуни 2026, 10:21
  • cподели

Тажна вест го потресе семејството Бешлиќ и бројните обожаватели на легендарниот пејач Халид Бешлиќ. Неговата сопруга Сејда почина по долго боледување осум месеци по смртта на човекот со кој го помина речиси целиот свој живот.

Загубата најтешко ја доживеа нивниот син Дино, кој на социјалните мрежи сподели една од последните семејни фотографии направени во болничките денови на неговите родители. 

На црно-белата фотографија се тројцата заедно во период кога и Халид и Сејда се лекувале во истата болница, разделени со само еден ѕид.

„Мајко моја, останав сам. Ве сакам многу“ – напиша Дино.

Сејда го поминала последниот месец во болница. Нејзината здравствена состојба дополнително се влошила по смртта на Халид, кој почина минатата година по битката со ракот.

Нивната љубовна приказна со децении беше пример за верност, почит и безрезервна поддршка. Додека се лекувале во иста болница, Халид и Сејда биле сместени во соседни соби, разделени само со еден ѕид. И покрај сопствената болест, пејачот до последно бил посветен на сопругата и внимателно ја следел на сите прегледи и терапии.

Сејда ќе биде погребана покрај Халид на гробиштата, а со тоа ќе биде исполнета неговата желба и по смртта да остане до жената која му беше најголема љубов.

Tags
Халид Бешлиќ
Сејда Бешлиќ
Дино Бешлиќ

Најнови

  • Роналдо со Џорџина и петте деца се врати во Португалија по рајскиот одмор во Саудиска Арабија

    Tue, 06/02/2026 - 21:50
  • Татјана Стојановска дама во црвено на 55-тиот роденден на сопругот Михаил

    Tue, 06/02/2026 - 20:35
  • Ќерката на Џенифер Лопез си го промени името, го избра машкото име Оскар Муњиз

    Tue, 06/02/2026 - 11:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.