• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Луксузни настани, премиери, селфи со Шерон Стоун и Карла Бруни... Македонскиот фотограф BadStef гостин на Кански филмски фестивал

21 мај 2026, 11:45
  • cподели
Стефан Соколовски во Кан

Македонскиот фотограф Стефан Соколовски деновиве е во Кан, каде присуствува на премиери и престижни настани кои се дел од Канскиот филмски фестивал.

Успешниот кумановец, познат како BadStef, беше меѓу гостите и на премиерата на филмот „Diamonds“ на легендарниот Енди Гарсија. Истата вечер, на црвениот тепих дефилираше и холивудската дива Шерон Стоун, со која BadStef имаше кратка средба и ја овековечи со селфи фотографија.

„Јас излегував кога Шерон влегуваше. Бев тука во вистинскиот момент, навистина сум во шок и јас. Само со мене се сликаше“ – изјави кратко за Фемина успешниот фотограф со интернационална кариера.

Шерон Стоун и Стефан Соколовски
Шерон Стоун и Енди Гарсија
Кански филмски фестивал 2026
Кански филмски фестивал 2026

Неговата вечер продолжи во дружба со познати имиња, па така беше дел од лансирањето на новиот парфем на брендот „Kilian Paris“, од каде објави и видео од супермоделот Хајди Клум со нејзиниот сопруг Том Каулиц.

Хајди Клум и Том Каулиц во Кан
Стефан Соколовски
Стефан Соколовски со Коко Роча
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски

Вечерта ја заврши на журка на диџејот Блек Кофи.

Стефан Соколовски во Кан

Стеф и следните неколку дена ќе биде присутен на 79-тото издание на Канскиот филмски фестивал, од каде преку своите објави ќе пренесува дел од луксузот кој ретко кој може да го доживее. Претходно присуствуваше на филмската премиера на „El ser Querido", како и на луксузниот моден настан на Роберто Кавали, каде се фотографираше со светски познати личности, меѓу кои и модната инфлуенсерка Кијара Ферањи, поранешната прва дама на Франција Карла Бруни и моделите Сара Сампајо, Шанина Шајк и Тејлор Хил.

Стефан Соколовски со Кијара Ферањи во Кан
Стефан Соколовски со Карла Бруни во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан
Стефан Соколовски во Кан

Само две недели претходно, талентираниот Македонец имаше можност да ужива и работи на елитниот Формула 1 викенд во Мајами, од каде сподели фотографии со Сијара и Синди Крафорд, а за ваквите „штипни ме - дали сонувам?“ ситуации, зборуваше и во интервју за Фемина.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Стефан Соколовски
Канскиот филмски фестивал 2026

Најнови

  • Урда

    56 г протеини во едно пакување: новата Olympus урда е здрав избор за секој ден

    Thu, 05/21/2026 - 11:55
  • Стефан Соколовски во Кан

    Луксузни настани, премиери, селфи со Шерон Стоун и Карла Бруни... Македонскиот фотограф BadStef гостин на Кански филмски фестивал

    Thu, 05/21/2026 - 11:45
  • За неа зборува цел регион: Матурантка од Бања Лука во придружба на градоначалникот, го засени со гламурозниот изглед

    Thu, 05/21/2026 - 10:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.