• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Лина Ѓорческа со историски пласман на Вимблдон: „Доаѓам од мала земја, но имаме огромно спортско срце!“

25 јуни 2026, 23:00
  • cподели
Лина Ѓорческа

Лина Ѓорческа испиша историско поглавје во македонскиот спорт. Нашата најуспешна тенисерка е првата Македонка која обезбеди пласман на главниот турнир на престижниот Вимблдон!

„Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата, и во машка и во женска конкуренција, која се избори за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот.

Тоа што доаѓам од мала земја не е лесно, околу комплетната логистика, тренинзите, условите, секако и парите. Но, кога си тука, даваш 100% за да успееш, па на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но секако имаме огромно спортско срце“, изјави таа по големиот триумф.

Всушност, ова е првпат наш спортист да се натпреварува на турнирот во поединечна конкуренција. Досега, само Александар Китинов имаше настапи на Вимблдон, но во игра на двојки.

Картата за Лондон, Ѓорческа ја завери откако ја победи фаворизираната Италијанка Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2) за 73 минути доминантна игра.

 

На патот до главната ждрепка, Лина претходно ги елиминираше и Фита Болуда од Шпанија, како и Хорхе од Португалија.

Покрај спортскиот подвиг, Ѓорческа ја оствари и најголемата заработка во својата кариера. Самото учество во главниот турнир ѝ носи загарантирани 80.000 британски фунти, односно околу 100.000 американски долари.

Лина Ѓорческа

Противничката за својот историски прв Грен слем натпревар Лина ќе ја дознае утре во 11:00 часот, за кога е закажана официјалната ждрепка во Лондон.

Лина Ѓорческа
Tags
Лина Ѓорческа

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.