Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Владата ја пречека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која неодамна испиша историја со својот настап на Вимблдон.
Лина Ѓорческа испиша историско поглавје во македонскиот спорт. Нашата најуспешна тенисерка е првата Македонка која обезбеди пласман на главниот турнир на престижниот Вимблдон!