• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Кривични пријави за 4 деца и 5 родители за случајот со врсничкото насилство врз 12-годишното девојче во Аеродром

8 јули 2026, 14:29
  • cподели

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот со насилството врз 12-годишното девојче во скопски Аеродром е целосно расчистен.

Надлежните институции презедоа конкретни правни дејствија, поднесувајќи кривични пријави против група малолетници и нивни родители. Поконкретно, поднесена е кривична пријава против две малолетнички поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, еден малолетник добил пријава за кривичните дела „поттикнување“ и „неовластено снимање“, а друг за кривично дело „неовластено снимање“. Пет родители се товарат за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.

Целосното соопштение од МВР:

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста откако вознемирувачко видео го откри бруталното насилство врз малолетно девојче. На снимката се гледа како девојчето моли да престанат нападите додека е опколено од група врсници.

Малтретирањето е со директни понижувања, влечење за коса и удари. Во еден момент се слуша еден од присутните како вели „Ќутете да слушнеме како ќе пука!“, непосредно пред девојчето да биде удрено со силна шлаканица. Наместо да се обидат да го спречат нападот, присутните со мобилни телефони во рацете снимаа сè, претворајќи го страдањето на врсничката во содржина за забава.

Јавноста побара одговорност, но и мерки за да се спречат вакви инциденти во иднина.

Tags
врсничко насилство

Најнови

  • Врсничко насилство

    Кривични пријави за 4 деца и 5 родители за случајот со врсничкото насилство врз 12-годишното девојче во Аеродром

    Wed, 07/08/2026 - 14:29
  • Иднина која инспирира на dm

    Последни недели за пријавување проекти на платформата „Иднина која инспирира“ на dm

    Wed, 07/08/2026 - 14:01
  • Маја Кикириткова: „Некоја мајка анализира дали имало дупчиња на бенкицата, моите деца голи лежеа во инкубатор на ГАК“

    Wed, 07/08/2026 - 13:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.