• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Компанијата дм дрогерие маркт донираше респиратори во вредност од 36.600 евра

24 ноември 2020, 10:09
  • cподели

Компанијата dm донираше два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра со цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за хронично болните пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.

Респираторите се донирани во Министерството за Здравство на С. Македонија, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

На ниво на целата dm група донирани се вкупно 15 респиратори – анестезиолошки вентилатори Primus, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.

dm донација

„dm е познат кај широката јавност како компанија која е вистински заснована на принципите на друштвена одговорност. Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Во моменти, кога како општество, сме соочени со големи предизвици предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратори – анестезиолишки вентилатори Primus од германскиот производител Dräger кои ги донираме, ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме” изјави Предраг Петровиќ, член на Управа за dm вo Србија и С. Македонија.

dm донација

Компанијата dm дрогерие маркт неодамна одбележи 7 години успешно работење на нашиот пазар со остварен промет од речиси 1.1 милијарда МКД, што претставува раст од 16,5 отсто,додека на ниво на dm групата во Европа остварен е промет од 11,5 милијарди евра. Покрај успешните финансиски резултати, компанијата реализираше низа општествено одговорни активности со цел да придонесе кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории во општеството.

dm донација

Комерцијален текст

Tags
dm

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.