„Која иднина ќе ја градиме со насилници како вас?“: Лила Филиповска бесна по врсничкото насилство во Аеродром
Лила Филиповска не остана рамнодушна на видеото од врсничкото насилство во Аеродром кое вчера се прошири низ земјата.
Македонската водителка јавно го осуди насилството, а особено ги критикуваше младите кои учествуваа во нападот и оние кои го снимаа целиот инцидент. Таа порача дека ваквото однесување не смее да стане нормално и упати силна порака до насилниците и нивните родители.
Од кога стана “кул” млади луѓе особено девојки да бидат насилнички, од кога?! Млади, убави, дотерани наместо да бидете дами со манири вие изигравате арамбаши. А машките… срам да ви е! Нели треба да ги заштитувате послабите од вас… вие не сте мажи, вие сте женски петлиња!!! – стои во описот на објавата на Лила.
Еве го и нејзиниот текст:
Видеа со насилство и изживување не можам да гледам, просто немам желудник за тоа. Ама еве прочитав што се случило во Аеродром и по којзнае кој пат сум во шок и неверување!!!
Зошто, како, до кога?!
Се прашувам и сакам да знам кои се тие млади луѓе насилници, од какви семејства доаѓаат, знаат ли родителите кого чуваат дома, какви психички проблеми имаат (оти никој нормален не би малтретирал некого). Кој треба да ти е поривот да се собереш во група и да малтретираш некој кој што е сам, а притоа е девојче!
А посебен круг во пеколот за оние што снимаат! СНИМААТ малтретирање, па вие не сте деца, вие сте МОНСТРУМИ!!!
Засрамете се, која иднина ќе ја градиме со насилници како вас?!
Мене моите ме учеа дека најважното во животот е да бидеме љубезни, да помагаме, да донираме, ама вие изгледа до таа лекција не сте стигнале!