„Кога дојдов при себе, целиот бев во крв. Тоа е кошмар“: Србинот кој висеше од авион над Македонија раскажа за инцидентот
Љубиша Каровиќ, кој за малку ќе излеташе од авион над Македонија, првпат јавно проговори за драматичните моменти кои ги преживеа на 10 јули.
61-годишниот српски бизнисмен беше на летот на Ryanair од Солун кон Германија кога се случи инцидентот само неколку минути по полетувањето. По оштетување на моторот, делови удриле во прозорецот до седиштето на Каровиќ и тој се распаднал. Силниот воздушен удар го извлекол патникот речиси до половина надвор од авионот.
„Експлозијата е она што го паметам. Тој звук го слушнав пред хаосот и тој звук секогаш го слушам кога ќе ги затворам очите за да спијам“ – изјави тој за The Guardian.
Љубиша сè уште носи заштитна Шансова кравата околу вратот, а на десната рака, рамото и градите има сериозни повреди и изгореници од триењето со трупот на авионот. Каровиќ верува дека сигурносниот појас му го спасил животот .
„Среќник сум. Не се сеќавам на многу работи. Главата и вратот сè уште ме болат, но жив сум. Можеби ме спаси тоа што бев врзан со појасот. А можеби беше судбина. Верувам во Бог и секој ден му благодарам“ – рече тој.
Претходно, во интервју за германскиот Bild, Љубиша изјави:
„Спиев. По некое време ме разбуди многу силен тресок, како да експлодирала бомба. Бев свесен само краток миг, а потоа не се сеќавам на ништо. Кога повторно дојдов при себе, целиот бев во крв. Крв ми течеше по лицето и рацете. Штом ќе ги затворам очите, ми се враќаат сликите од сè што доживеав во тие неколку минути. Тоа е кошмар кој не можам да го опишам со зборови.“
Неговата сопруга Светлана, која седела три реда зад него, опиша дека најстрашните моменти траеле речиси две минути.
„Никој од екипажот не помогна. Тоа го направија патниците. Еден човек, мислам дека беше Албанец, беше неверојатен. Тој направи сè за да го врати внатре, а потоа се обиде да го блокира отворот со торба, која веднаш беше исфрлена, а потоа со куфер, што успеа. Засекогаш ќе му бидеме благодарни“ – раскажа таа.
Истрагата за причините за инцидентот сè уште е во тек. Според првичните информации, оштетувањето на моторот најверојатно било предизвикано од удар на надворешен предмет, по што делови од моторот го скршиле прозорецот покрај седиштето на Каровиќ.
По сè што преживеал, 61-годишниот Србин има само една порака до сите патници:
„Секогаш врзувајте го сигурносниот појас. Не сакам никој да го доживее она што ми се случи мене.“
Για πρώτη φορά δημόσια μίλησε ο 61χρονος Σέρβος επιβάτης της Ryanair, ο οποίος έζησε μια εφιαλτική εμπειρία κατά τη διάρκεια πτήσης από τη Θεσσαλονίκη προς το Μέμινγκεν της Γερμανίας, όταν η θραύση παραθύρου του αεροσκάφους τον εκτόξευσε εν μέρει έξω από την καμπίνα. #ingr #σερβος #επιβατης #ryanair #fyp