• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Драматичен инцидент: Србин ќе излетал низ скршено стакло додека авионот летал над Македонија, сопругата го спасила

10 јули 2026, 12:50
  • cподели

Драматични сцени се одвивале утрово на летот на авиокомпанијата Ryanair од Солун кон Меминген (Баварија), откако патник за малку ќе беше исфрлен од авионот по декомпресија предизвикана од скршен прозорец.

Авионот од типот „Боинг 737-800“ полетал од грчкиот аеродром точно според распоредот, во 5:55 часот по локално време. Меѓутоа, кратко по полетувањето, на височина од околу 6.000 метри, патниците слушнале силен удар. Во тој момент, авионот летал над Македонија.

Според изјавите на сведоците, нешто удрило во прозорецот, по што стаклото се скршило, а во кабината веднаш се активирале маските за кислород. Во тој момент, 61-годишен српски патник, кој седел директно до оштетениот прозорец, бил повлечен низ отворот.

„Прозорецот се скрши. Потоа се активираа маските за кислород“, изјави еден од патниците за германскиот медиум Bild.

Според извештаите на грчките медиуми, неговата сопруга го држела за нозете неколку минути пред и други патници да ѝ помогнат да го повлечат назад во внатрешноста на авионот.

Видео

BREAKING: Ryanair passenger reportedly saved from being sucked out the cabin after window fails during a flight from Thessaloniki to Memmingen.

According to local media Ryanair flight FR1879, a Boeing 737-8AS, returned safely to Greece on Friday after part of a damaged engine… pic.twitter.com/YPgRodjPFp

— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 10, 2026

Пилотот веднаш прогласил вонредна состојба и донел одлука за прекин на летот. Авионот се вратил назад и безбедно слетал на аеродромот во Солун еден час и 14 минути по полетувањето.

Повредениот патник веднаш бил пренесен во болница. Од Ryanair потврдија дека дошло до попуштање на прозорецот на авионот, но портпаролот на компанијата одби да ги коментира шпекулациите дека дел од моторот отпаднал и го скршил стаклото.

Истрагата за причините за сериозниот инцидент е во тек. 

Најнови

  • Драматичен инцидент: Србин ќе излетал низ скршено стакло додека авионот летал над Македонија, сопругата го спасила

    Fri, 07/10/2026 - 12:50
  • Елена Најдоски во ефектна црвена креација на вечера со сопругот Бојан за годишнината од бракот

    Fri, 07/10/2026 - 12:36
  • Leapmotor

    Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност

    Fri, 07/10/2026 - 12:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.