„Ќе се погрижам Каја да ја памети, секогаш ќе ѝ зборувам за неа со почит“: Владимир Кличко со емотивна порака по смртта на Хејден Панетиер
По трагичната смрт на Хејден Панетиер, која почина на 36-годишна возраст, за првпат се огласи и нејзиниот поранешен свршеник Владимир Кличко со кого има една ќерка.
Некогашниот светски боксер и американската актерка беа во врска неколку години, а во 2014 година ја добија ќерката Каја. Иако нивната љубовна врска заврши, тие останаа поврзани преку своето дете.
Кличко сподели заедничка фотографија и емотивна порака во која откри дека неговото семејство е во „длабок шок и тага“ по веста за смртта на Хејден.
Веста за трагичната смрт на Хејден длабоко ме растажи. Таа го напушти овој свет премногу рано. Иако повеќе не беше моја партнерка, Хејден беше важен дел од мојот живот и мајка на нашата ќерка Каја.
Таа изгради неверојатна кариера благодарение на огромниот талент, истовремено соочувајќи се и со потемните страни на една исклучително напорна индустрија. Ништо нема да ги избрише моментите кои ги споделивме или местото кое таа го имаше во нашите животи.
На нашата ќерка Каја секогаш ќе ѝ зборувам за нејзината мајка со почит и ќе се погрижам таа да ја памети личноста каква што навистина беше.
Им изразувам најдлабоко сочувство на родителите на Хејден, на нејзините пријатели и на нејзините обожаватели, кои денес исто така тагуваат. Младите и талентирани луѓе како Хејден не треба да го напуштаат овој свет толку рано.
Ги молам сите да ги почитуваат чувствата и приватноста на нашето семејство во овој исклучително тежок период. Засега, ова е сè што посакувам да кажам.
Ви благодарам на сите кои го поддржуваат моето семејство и изразуваат искрено сочувство.
Почивај во мир, Хејден. Нека најде вечен мир.
#WeLoveYouHayden“
Неговата порака предизвика бројни реакции од обожавателите на Хејден и Кличко. Многумина му изразија сочувство, но голем број од нив имаа и посебна порака до Владимир – да биде силен и да се грижи за Каја најдобро што умее.
„Бидете силни за Каја“, „Грижи се за тебе и за ќерката на Хејден“, „Таа сега те има само тебе“ и „Погрижете се Каја секогаш да знае колку нејзината мајка била сакана“ – се дел од пораките кои обожавателите ги упатуваат до Кличко.