• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Трагедија: Почина актерката Хејден Панетиер само неколку дена пред 37-миот роденден

17 август 2026, 08:23
  • cподели

Хејден Панетиер, познатата актерка од сериите „Heroes“ и „Nashville“, почина на 36-годишна возраст.

Трагичната вест ја потврди официјален претставник во името на нејзиниот татко Алан Панетиер.

„Со длабока тага го споделуваме трагичното заминување на нашата сакана Хејден“ - стои во соопштението.

Нејзиниот татко ја опиша како „неверојатна светлина и сила на природата“, додавајќи дека таа им донела неизмерна љубов и радост на сите кои ја познавале, но и на милионите гледачи кои ја следеле на малите и големите екрани.

Панетиер починала вчера, на 16 август. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за причината и околностите за нејзината смрт.

Хејден стекна светска популарност со улогата на Клер Бенет во хит-серијата „Heroes“, а подоцна беше особено препознатлива и по улогата на Џулиет Барнс во „Nashville“. Се појави и во филмовите „Remember the Titans“, „Scream 4“ и „Scream 6“, а нејзината последна филмска улога беше во „Sleepwalker“, кој пристигна во кината во јануари.

Покрај актерството, Панетиер се занимаваше и со музика, но зад нејзиниот успешен јавен живот со години се криеше тешка лична борба.

Во 2022 година, во интервју за PEOPLE, актерката за првпат отворено зборуваше за зависностa од опиоиди и алкохол, како и за постпородилната депресија со која се соочувала по раѓањето на ќерката Каја, во 2014 година.

„Бев на врвот на светот и го уништив тоа“ - изјави тогаш Панетиер, зборувајќи за годините во кои се борела со зависноста.

Таа призна дека долго време чувствувала како постојано да го достигнува дното, само за повторно да се соочи со нов пад.

„Ќе мислев дека сум го допрела дното, но потоа се отвораше замката“ - раскажа актерката.

Панетиер зборуваше и за тешкиот период по раѓањето на ќерката, кога се соочувала со постпородилна депресија и зависност. Во 2018 година, таа целосно го предаде старателството над Каја на нејзиниот поранешен партнер, боксерот Владимир Кличко, додека бараше третман за алкохолизам, злоупотреба на супстанции и постпородилна депресија.

Подоцна, Хејден отворено ги отфрли тврдењата дека ја „напуштила“ својата ќерка, објаснувајќи дека одлуката за старателството била донесена во исклучително тежок период од нејзиниот живот. Каја продолжи да живее во Европа со Кличко, но Панетиер останала во редовен контакт со неа.

„Вложив многу во себе и морав да бидам подготвена да бидам неверојатно искрена“ - изјави таа во 2022 година.

Во последното интервју пред смртта, Панетиер повторно зборуваше за својот процес на опоравување и за тоа дека секој ден се обидува да биде подобра верзија од себе.

„Јас сум во процес на напредок... сите сме. Го живеам секој ден како што доаѓа. Работам на себе и го давам најдоброто од себе“ – призна таа.

Панетиер е родена на 21 август 1989 година, а нејзината смрт доаѓа само неколку дена пред нејзиниот 37. роденден.

Животот на популарната актерка беше обележан и со бројни лични загуби. Во 2023 година почина нејзиниот помлад брат Јансен Панетиер на 28-годишна возраст. По неговата смрт, Хејден во интервју за PEOPLE изјави: „Тој ми беше единствен брат и моја работа беше да го заштитам. Кога го изгубив, се чувствував како да сум изгубила половина од мојата душа.“

Tags
Хејден Панетиер

Најнови

  • „17 месеци... долги, тешки“: Ана Костадиновска тагува за својата „сестра“ Сара и колегите од ДНК кои ги изгуби во пожарот во „Пулс“

    Mon, 08/17/2026 - 09:14
  • Трагедија: Почина актерката Хејден Панетиер само неколку дена пред 37-миот роденден

    Mon, 08/17/2026 - 08:23
  • Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо

    Без венчаница и во дневната соба: Џорџина се омажи за Роналдо во бела кошула во нивниот дом покрај децата

    Mon, 08/17/2026 - 01:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.