Катарина Ивановска и Тамара Тодевска дефилираа на ревија на Mitroff, нивните партнери се гордееја од публиката
Катарина Ивановска и Тамара Тодевска беа специјални учеснички на ревијата на брендот Mitroff на која беше презентирана новата колекција „Гола меморија“.
37-годишната манекенка и 41-годишната пејачка дефилираа на пистата во Шато Камник, а добија поддршка од нивните партнери кои го проследија модното шоу од публиката.
Саканиот на Катарина, Стефан Хаџиски, сподели видео од македонската убавица и напиша: „Се гордеам со тебе“.
Катарина претстави две креации и со самоуверено движење покажа зошто била дел од ревиите на најголемите светски модни куќи.
Тамара дефилираше на хитот „Vogue“ од Мадона.
Катарина подоцна се пресоблече во кратко бело фустанче, додека Тамара носеше црна модна комбинација.