• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Како да си помогнете да ви биде полесно на стомакот по прејадување?

29 декември 2016, 12:07
  • cподели

На сите ни се има случено да ја изгубиме самоконтролата пред трпеза полна со вкусни деликатеси и потоа да се соочиме со физичките последици од прејадувањето. За време на празниците, кога масите се преполни со јадења во текот на целиот ден, многу лесно може да се случи да претерате со храната.

Жена

Во таков случај, следните совети и вежби ќе ви помогнат да се чувствувате подобро:

Што можете да направите веднаш?

Чај

Џвакајте ѓумбир или напијте се чај од ѓумбир. Докажано е дека ѓумбирот е ефективен природен лек при нагони за повраќање, гасови, подуеност и стандардна болка во стомакот. За најбрзи резултати, едноставно земете парче ѓумбир и џвакајте го. Доколку не можете да го поднесете силниот вкус на ѓумбирот, не мора да го консумирате сиров, туку направете си чај од ѓумбир.

Почестете се со чај од нане. Нашите баби и мајки имаа право, чајот од нане е спасител при болки во стомакот, подуеност и грчеви.

Или пак со чај од камилица. Ако не ви се допаѓа чајот од нане, можете да го замените со чај од камилица. Смирувачкото дејство на камилицата ќе ве релаксира и вас и вашиот стомак.

Одете на прошетка. Не легнувајте веднаш по обилен оброк. Победете ја потребата за мрзеливо излежување и одете на лежерна прошетка. Движењето ќе му помогне на телото полесно и побрзо да се справи со консумираната храна.

6 јога пози за подобра дигестија

Многу е важно по обилен оброк да му одолеете на искушението да легнете. Наместо да се мачите неподвижно во хоризонтална положба, направете ги следните јога пози кои ќе ви помогнат да се почувствувате подобро и да го забрзате варењето на храната.

Јога Јога Јога Јога Јога Јога

Денот потоа

Вода со лимон

Започнете го денот со вода со лимон. Во една чаша со млака вода исцедете еден лимон и испијте ја течноста. Оваа мешавина го подобрува варењето на храната и може да ви помогне доколку сте подуени.

Не го прескокнувајте појадокот. Утрото по прејадување веројатно ќе си помислите дека е подобро да го прескокнете појадокот. Но, се препорачува задолжително да јадете нешто лесно, како банана, јогурт, печено лепче со тенок слој путер од кикирики или мед, јаболко и сл. Не се казнувајте себеси со гладување, бидејќи ако го прескокнете појадокот, голема е веројатноста повторно да претерате со храната подоцна во денот.

Пијте вода. Испијте најмалку 8-10 чаши вода за да му помогнете на телото да се справи со вишокот внесена храна.

Бегајте подалеку од солта. Солта го поттикнува телото да задржува повеќе вода, па уште повеќе ќе се чувствувате подуено. Ако ви се грицка, посегнете по несолени ореви, бадеми или пуканки.

Јадете бел ориз за ручек. Белиот ориз лесно се вари од организмот, го смирува стомакот и е особено полезен доколку имате дијареја, што често се случува по прејадување.

Tags
прејадување
стомак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.