• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Зина која ослабе 35 кг: „Го прашуваа: Што ќе ти е дебела? Не знаеја дека 3 години се боревме со неговиот карцином“

25 ноември 2026, 13:55
  • cподели

Додека нејзиниот партнер се лекувал од карцином, Зина Буљубашиќ секојдневно балансирала меѓу работата, факултетот и долгите часови поминати во болница. Стравот и неизвесноста ги криела зад насмевката, а тагата ја потиснувала со храна. 

Во тој период поради прејадување на база на стрес имала 117 килограми, а денес, откако ослабела 35 килограми, на социјалните мрежи отворено зборува за предизвиците со кои се соочила, но и за коментарите на луѓето кои ја осудуваат поради нејзиниот изглед.

„Понекогаш животот ти ги фрла пред нозе најтешките битки и те прашува колку навистина си силна за да останеш на нозе.

Луѓето секогаш ќе судат, ќе ја гледаат само површината и ќе те оценуваат според килограмите или изгледот, затоа што немаат поим што се случува зад затворени врати и низ што поминуваш. Но, кога ќе поминеш низ огнот, сфаќаш дека вистинската сила не се мери според туѓите мислења, туку според тоа што никогаш не се откажуваш од оние кои ги сакаш, ниту од самата себе.

Држи се до она што е вистинско. 🩷“ – напиша младата девојка од Босна и Херцеговина во описот на емотивната објава посветена на нејзината љубов со партнерот.

Низ низа заеднички фотографии раскажа како изгледал периодот додека тој боледувал од карцином и зошто нејзината промена не била само борба за помал број на вагата:

„Го прашуваа 'Што ќе ти е дебела? Што не си најдеш друга?'

А не видоа колку пати за време на короната делевме ручек во болничкиот ходник додека три години се лечеше од карцином...

Работев осум часа, по работа трчав во болница за да му носам ручек, а после дома учев за испитите на факултет.

Беше во болница 21 ден, потоа 7 дена дома и така во круг. Кога и да тргнев накај дома од болница нозете ми беа како од олово, а кнедлата во грлото не ми даваше да зборувам. Ќе почнев да плачам дури кога ќе го видев завртен со грб и тргнат назад накај собата.

А дома ме чекаше Нутела од килограм која ја јадев секоја ноќ и во која ја гушев целата своја тага и стравовите кои не можев да ги покажам пред него бидејќи веќе му беше доволно тешко.

Заедно сме 11 години. Се запознавме кога имавме по 20 години и немавме ништо освен нешто малку џепарлак и неговиот мотор кој го доби кога влезе во ремисија по првиот карцином на 18 години. Да, овој во короната беше втор.

Сè стекнавме со работа. Заедно. Дијагнозата ја доби малку откако возбудено го опремувавме станот за да започнеме заеднички живот.

'Во здравје и во болест' нè снајде и пред бракот. Никогаш не ни помислив да го напуштам. Многу луѓе ми велеа дека ми се восхитуваат бидејќи тие не би можеле, а јас тоа го доживував како навреда. Како мислиш дека би ја оставила саканата личност кога е болна?

Сега е во ремисија, но стравот и стресот дека болеста повторно ќе се врати е сè уште тука...

Но, правиме сè што можеме за да бидеме поздрави. И јас научив да се носам со стресот на здрав начин, а не со прејадување. Морав себеси да се ставам на прво место, бидејќи знаев дека ако не можам да си помогнам себеси, нема да можам да му помогнам ни нему, ако пак е потребно.

Вистинскиот партнерски однос не се мери во килограми, туку со тоа кој стои до тебе кога сè ќе се реши.

Запамти: да се грижиш за себеси не е себично. Денеска сум тука, појака од кога било, подготвена на сè што носи животот. За нас.“

 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zina| PCOS Mrsavljenje (@pcos.balans)

Зина се соочува и со PCOS (синдром на полицистични јајници) и инсулинска резистенција, а со своите следбеници постојано споделува како да ослабнат без строги диети и теретана, со работа на себе и балансирана исхрана.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zina| PCOS Mrsavljenje (@pcos.balans)

Tags
Зина Буљубашиќ
трансформација

Најнови

  • Зина која ослабе 35 кг: „Го прашуваа: Што ќе ти е дебела? Не знаеја дека 3 години се боревме со неговиот карцином“

    Wed, 11/25/2026 - 13:55
  • Giving Friday на dm

    Black Friday е за купување, Giving Friday е за дарување: dm донира пет отсто од вкупниот промет на 27 ноември

    Wed, 11/25/2026 - 13:30
  • Своја на своето

    Ставањето крај на насилството врз жените и девојчињата е заедничка одговорност што бара итна акција

    Wed, 11/25/2026 - 13:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.