Јелена Томашевиќ занесна убавица во колоритна креација во Сараево пред големиот концерт со Иван во Охрид
Утре, Јелена Томашевиќ со Иван Босиљчиќ ќе одржи концерт во Охрид, токму на денот кога ја одбележуваат 15-годишнината од бракот.
Пред големиот концерт во Антички театар, 42-годишната српска пејачка отпатува во Сараево, каде настапи на ревијалната вечер на Фестивалот на народна музика „Илиџа 2026“, еден од најзначајните фестивали на народната музика во Босна и Херцеговина и регионот.
Јелена се појави во впечатлива, раскошна плисирана креација од Belma Tvico во зелени, тиркизни, розови и виолетови нијанси, со долги ракави и елегантен појас околу струкот. За нејзината шминка се погрижи Рената Поневиќ, додека фризурата ѝ ја направи Аида Ајдиновиќ.
По Сараево, Јелена ја очекува Охрид, каде утре, заедно со својот сопруг Иван Босиљчиќ, ќе приреди посебна концертна вечер во Античкиот театар. Настапот ќе има и дополнително емотивно значење за парот, бидејќи токму на сцената ќе ја одбележат и годишнината од бракот.
Од првиот пат кога настапував овде, кај македонската публика почувствував една посебна топлина и непосредност. Тие не ја слушаат само музиката – тие навистина ја живеат со вас.
Искрено, не би можела да замислам поубав начин да одбележиме 15 години брак – рече Јелена во интервју за Фемина.
