• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Јаткасти плодови за срцето

1 октомври 2009, 21:21
  • cподели

Иако болестите на срцето најчесто се поврзуваат со машкиот пол, тие се најчестата причина за смртност кај жените над 40 годишна возраст, особено кај жените после менопауза. Затоа не треба да ги игнорирате советите на експертите за намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Јаткасти плодови
Јаткастите плодови го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.

Консумирањето на јаткасти плодови, како дел од вашата исхрана е добро за здравјето на срцето. Јаткастите плодови не се скапа храна, лесни се за складирање, идеални се за ужина, многу едноставно можете да ги земете со вас на работа или на училиште и содржат незаситени масни киселини.

Како јаткастите плодови му помагаат на срцето?

Повеќето научни истражувања, во кои учествуваат луѓе кои консумираат јаткасти плодови како дел од диета за здраво срце, покажуваат дека јаткастите плодови го намалуваат нивото на LDL (low-density lipoprotein), т.е. „лошиот“ холестерол во крвта. Зголеменото присуство на LDL е основна причина за појавата на срцеви заболувања. Поради тоа, јаткастите плодови со својата способност да го намалуваат „лошиот“ холестерол, го подобруваат здравјето на срцето.

Консумирањето на јаткасти плодови го намалува и ризикот од згрутчување на крвта, кое може да предизвика фатален срцев удар.

Сепак, цврсти докази за влијанието на јаткастите плодови врз здравјето на срцето нема, затоа што резултатите од истражувањата само укажуваат на тоа влијание, но не го потврдуваат целосно.

Што содржат јаткастите плодови?

Јаткасти плодови
Растителните влакна од јаткастите плодови го намалуваат холестеролот во крвта.

Иако зависи од самиот вид, јаткастите плодови содржат најмалку некои од овие супстанции:

  • Незаситени масти. Експертите веруваат дека „добрите“ масти, кои ги има во јаткастите плодови, го намалуваат „лошиот“ холестерол.
  • Омега-3 масни киселини. Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор.
  • Л-аргинин. Јаткастите плодови содржат и многу Л-аргинин. Тоа е супстанција која помага во подобрувањето на здравјето на ѕидовите на артериите, преку тоа што им ја подобрува флексибилноста и ги прави помалку склони кон згрутчување на крвта.
  • Растителни влакна. Сите јаткасти плодови содржат растителни влакна, кои можат да го намалат холестеролот во крвта. Растителните влакна ве прават да се чувствувате сити и со тоа ќе јадете помалку. Исто така, тие се смета дека помагаат во превенцијата од дијабетес.
  • Витамин Е. Истражувачите сè уште не се сигурни, но се смета дека витаминот Е може да го спречи развивањето на талог во артериите. Со тоа се намалува ризикот од појава на срцев удар или коронарни артериски болести.

Колку јаткасти плодови да јадете?

Јаткастите плодови содржат многу масти. Скоро 80% од нив се масти. Иако поголемиот дел од овие масти се здрави, не треба да се консумираат многу од овие плодови, поради тоа што се висококалорични.

Треба да јадете јаткасти плодови умерено. Јадењето на една шака јаткасти плодови (42.5g) дневно, може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Сепак тоа не е доволно за да имате здраво срце. Јадењето на јаткасти бадеми, лешници или кикирики, нема да ви помогне, ако не го намалите консумирањето на храна која содржи заситени масти.

Tags
совети за здравјето
срце
јаткасти плодови

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.